Милијардерот Бил Гејтс денеска го обвини Илон Маск, милијардер и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, дека е одговорен за смртта на „најсиромашните деца во светот“.
Во интервју за „Њујорк тајмс“, Гејтс исто така објави планови да ја затвори својата фондација и да потроши 200 милијарди долари за филантропски напори до 2045 година.
Гејтс рече дека неговата фондација, која потрошила повеќе од 100 милијарди долари откако ја основал во 2000 година, ќе потроши речиси двојно поголема сума за глобално здравје, клима и намалување на сиромаштијата во следните 20 години.
Зборувајќи на оваа тема, Гејтс го нападна Маск, кој раководи со Одделот за владина ефикасност (DOGE), за намалување на американските трошоци за помош и развој на најсиромашните земји во светот преку одлуки на тој орган на американската влада.
Тој можеше да стане голем филантроп. Во меѓувреме, најбогатиот човек во светот е вмешан во смртта на најсиромашните деца во светот – рече Гејтс.