Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Битиќи до Кочоска: Колкав е реално јавниот долг на државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Битиќи до Кочоска: Колкав е реално јавниот долг на државата
ЕКОНОМИЈА

Битиќи до Кочоска: Колкав е реално јавниот долг на државата

Објавено June 12, 2025 19:44
Сподели
Сподели

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, а се однесуваше на реалната состојба со јавниот долг и тековните задолжувања на државата.

Битиќи праша:

На расходната страна на Буџетот, заклучно со април 2025 година, за камати на домашен долг се исплатени 3.397.000.000 денари (55,2 милиони евра), што претставува 40,52% од планираната сума за целата година (9.124.000.000 денари – 148,3 милиони евра). Ако со оваа динамика се продолжи, односно околу 10% месечно се трошат од вкупно планираните средства за камати за домашниот долг, тогаш до крајот на годината ќе треба да се исплатат околу 180,3 милиони евра по овој основ, односно ќе треба да обезбедите дополнителни 32 милиони евра.

Од почетокот на 2025 година до 20 мај, државата реализирала 12 аукции на државни обврзници со вкупна вредност од 17.052.460.000 денари (приближно 277,2 милиони евра).

Исто така, за камати на надворешен долг се исплатени 5.325.000.000 денари, што е 45,4% од планираното годишно ниво (11.721.000.000 денари – 190 милиони евра). Овде динамиката на месечно ниво е околу 11% од вкупно планираните средства, што значи дека ако се продолжи по овој пат, до крајот на годината ќе недостигаат околу 70 милиони евра (вкупно, треба да се наплатат 260 милиони евра). Овие податоци укажуваат на многу поагресивна динамика на задолжување отколку што беше планирано и најавувано од страна на Владата при проектирањето на Буџетот за 2025 година.

Кога сме кај проекциите за јавниот долг, тие се базираат на нестабилна основа – процентите се пресметани врз проекција за раст на БДП од 3,7%, а Државниот завод за статистика излезе со официјален податок дека растот на БДП во првиот квартал изнесува 3%.

Дополнително, Фискалниот совет излезе со извештајот за 2024 година, каде се забележува дека буџетските корисници имаат над 700 милиони евра доспеани, а неподмирени обврски.

Моето прашање е:

Која е реалната состојба со јавниот долг на државата и дали Министерството за финансии планира да ја ревидира стратегијата за задолжување, земајќи ги предвид зголемените трошоци за камати, растот на БДП од 3% во првиот квартал и над 700-те милиони евра на пријавени доспеани, а неизмирени обврски на буџетските корисници?“

Министерката Фимитриеска-Кочоска одговори дека за седум години претходната влада направила долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму.

Димитриеска Кочоска истакна дека во континуитет претходната влада се повикува дека 2 милијарди биле искористени за антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки.

„Кога станува збор за јавен долг имате најмалку право да зборувате кој го зголемил долгот за 3,3 милијарди и тоа е факт којшто ќе ѕвони уште 30 години“, рече таа.

На прашањето од Битиќи за повратот на ДДВ, министерката за финансии посочи дека од 1 јануари до 31 мај износот на повратот на ДДВ е поголем во однос на износот на поврат што го вратила претходната Влада во претходниот период.

Таа наведе дека има поголема реализација и кај капиталните расходи во однос на првите пет месеци од претходната влада. Заклучно со мај годинава се реализирани 14,319 милијарди денари капитални расходи, наспроти 12,281 милијарди денари кои се реализирани од претходната влада“, рече Димитриеска-Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Создаден простор да се намалат надоместоците што банките ги наплаќаат од граѓаните

Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов модел на надоместици што банките ги плаќат за услугите на Македонскиот…

July 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германија ги заострува правилата за работа, македонските граѓани со ограничени можности

Германија подготвува нови законски измени со кои ќе се отежни пристапот до работни дозволи за странските државјани, меѓу кои и…

August 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Треба половина милијарда евра да се потрошат за пруга која нема продолжување кај источниот сосед

Нема да градиме се додека Бугарите не си го завршат, својот тунел, односно својата половина од тунелот и тие километри…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Работиме сонот Македонија да биде домаќин на три раскрсници да стане реалност

Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?