Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Битолчанец во фризерски салон украл 3.000 денари, па му се заканил на газдата со солзавец за да избега
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Битолчанец во фризерски салон украл 3.000 денари, па му се заканил на газдата со солзавец за да избега
ХРОНИКА

Битолчанец во фризерски салон украл 3.000 денари, па му се заканил на газдата со солзавец за да избега

Објавено June 28, 2025 11:34
Сподели
Сподели

Истражна постапка е покрената против 22-годишен битолчанец кој е осомничен за кривично дело „разбојничка кражба“. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека битолчанецот се уште е во бегство и дека полицијата трага по него. 

На 23 јуни околу пладне, осомничениот влегол во фризерски салон и побарал пари од фризерот. Тој одбил доброволно да му даде, по што осомничениот го искористил моментот кога оштетениот се оддалечил од фиоката во која го чувал прометот од  фризерските услуги, ја отворил фиоката и ги одзел речиси сите пари кои биле внатре, односно 3.000 денари.

Веднаш се обидел да избега од салонот, но оштетениот го фатил и го држел за да го спречи да замине додека не биде повикана полиција. Затекнат при кражбата, осомничениот му се заканил на оштетениот дека ќе го испрска со солзавец, поради што тој го пуштил да си замине со украдените парични средства, информира Јавното обвинителство.

До Основниот суд во Битола доставен е предлог за притвор кој ќе почне да се применува веднаш што лицето биде пронајдено.

Притворската мерка е побарана бидејќи се работи за лице кое и претходно е осудувано за исти и слични дела и очигледно е дека се крие и се обидува да ги избегне органите на прогонот. Исто така, важни докази за настанот се исказите на оштетениот и на сведоците кои во моментот биле присутни во фризерскиот салон, па без најстрогата мерка за обезбедување постои реална опасност осомничениот да се обиде да влијае врз нив и со тоа да ја попречува истражната постапка. Јавниот обвинител особено го имаше предвид исказот на оштетениот кој се чувствува загрозен и бара да биде заштитен од осомничениот во текот на постапката, се вели во информацијата од Јавното обвинителство. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје вчера беше трет најтопол град во Европа
Следна Статија Во Грција почина човек од кримско-конгоанска треска- се разболе и докторката која го лекувала

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Млада девојка почина откако ја удри автомобил на „Партизанска“

Дваесет и две годишна девојка од Скопје почина откако беше удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“. Тешката сообраќајка се…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Андреј од ДНК им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Веста за неговата смрт…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Несреќа во Кочани: Повредени четири лица, две од нив се малолетни

На 20.12.2025 во 05:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат с.Оризари – с. Прибачево, кочанско кај…

December 21, 2025
ХРОНИКА

Спречени обиди за криумчарење облека, парфеми и суплементи за миленици

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока. Спречени обиди за криумчарење облека и…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?