Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Битолчанец осомничен за дистрибуција на детска порнографија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Битолчанец осомничен за дистрибуција на детска порнографија
ХРОНИКА

Битолчанец осомничен за дистрибуција на детска порнографија

Објавено April 3, 2026 13:02
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштуваат од Обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

Осомничениот, кој во критичниот период бил вработен во образовна установа, од април 2024 година до 1 април 2026 година, на домашни компјутерски уреди набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.

Постапката е резултат на предистражни дејствија спроведени во координација меѓу Јавното обвинителство, СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Акцијата произлегла по добиено известување од Австралиската федерална полиција, која спровела меѓународна операција насочена кон откривање веб-страници што служеле за незаконска дистрибуција на ваков тип содржини.

Во рамки на акцијата, австралиските служби идентификувале корисници кои пристапувале до спорните веб-страници преку конкретни ИП адреси, при што биле регистрирани и адреси поврзани со Република  Македонија. За добиените сознанија било испратено официјално известување до македонските надлежни органи.

Од обвинителството соопштија дека продолжуваат проверките и во Скопје и во други градови, со цел целосно расчистување на сите идентификувани случаи поврзани со оваа меѓународна истрага.

За осомничениот битолчанец, до Основниот суд во Битола е доставен предлог за определување мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лејла Кадриу за Ленче Ристоска: Наместо одговори добивме оставка
Следна Статија Утре силен ветер со над 70 км/ч, од недела вистинска пролет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле (ФОТО)

Мобилен царински тим на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, на влез во државата, спречи обид за шверц на дури 27,5…

September 16, 2025
ХРОНИКА

Трагедија: Тинејџер од Македонија се удави во Грција

Трагичен инцидент се случи на централната плажа во Ханиоти на Халкидики, каде 19-годишен млад човек од Македонија го загуби животот…

June 25, 2025
ХРОНИКА

Пожарникари извлекоа две лица со автомобил заглавени во надојдената вода на Пчиња

Два лица со автомобил заглавиле утрово во надојдената вода во село Стрновац во општина Старо Нагоричане поради излевањето на реката…

November 19, 2025
ХРОНИКА

Наставничка физички нападнала ученички, употребила и дрвен предмет

На 27.02.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 17.20 часот во соблекувална од основно…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?