Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Битолчанец осомничен за дистрибуција на детска порнографија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Битолчанец осомничен за дистрибуција на детска порнографија
ХРОНИКА

Битолчанец осомничен за дистрибуција на детска порнографија

Објавено April 3, 2026 13:02
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштуваат од Обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

Осомничениот, кој во критичниот период бил вработен во образовна установа, од април 2024 година до 1 април 2026 година, на домашни компјутерски уреди набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.

Постапката е резултат на предистражни дејствија спроведени во координација меѓу Јавното обвинителство, СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР. Акцијата произлегла по добиено известување од Австралиската федерална полиција, која спровела меѓународна операција насочена кон откривање веб-страници што служеле за незаконска дистрибуција на ваков тип содржини.

Во рамки на акцијата, австралиските служби идентификувале корисници кои пристапувале до спорните веб-страници преку конкретни ИП адреси, при што биле регистрирани и адреси поврзани со Република  Македонија. За добиените сознанија било испратено официјално известување до македонските надлежни органи.

Од обвинителството соопштија дека продолжуваат проверките и во Скопје и во други градови, со цел целосно расчистување на сите идентификувани случаи поврзани со оваа меѓународна истрага.

За осомничениот битолчанец, до Основниот суд во Битола е доставен предлог за определување мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лејла Кадриу за Ленче Ристоска: Наместо одговори добивме оставка
Следна Статија Утре силен ветер со над 70 км/ч, од недела вистинска пролет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници…

July 10, 2025
ХРОНИКА

15-годишник во Кочани силувал малолетник

На 05.04.2026 во 02:35 часот во Полициската станица Кочани полициски службеници лишија од слобода 15-годишен малолетник по претходна пријава дека…

April 5, 2026
ХРОНИКА

Украле бронзена биста од гробиштата Бутел: Уапсени четири лица од Скопје

Лишени од слобода четири лица од Скопје, фатени веднаш откако одзеле бронзена биста од гробиштата Бутел, следува пријава, информираат од…

September 18, 2025
ХРОНИКА

Уапсен битолчанец за изнуда

Вчера во 17:25 часот во трговски комплекс на ул.„Климент Охридски“ во Битола, во заедничка и координирана акција на Основното јавно…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?