Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Би-би-си: Воведувањето царини е најголемата коцка во политичката кариера на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Би-би-си: Воведувањето царини е најголемата коцка во политичката кариера на Трамп
СВЕТ

Би-би-си: Воведувањето царини е најголемата коцка во политичката кариера на Трамп

Објавено April 3, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Политичките ставови на Доналд Трамп се менуваа со децении, но една работа остана иста – од 1980-тите, тој тврди дека царините се најдобриот начин за зајакнување на американската економија. Сега тој реши со овој потег да го стави на линија својот претседателски мандат и политичката кариера.

Актуелниот американски претседател најави воведување големи царини за увоз од голем број земји, вклучително и американски сојузници, конкуренти и противници.

Во говорот што беше мешавина од славење и самопофалба, Трамп потсети на неговата долгогодишна поддршка за царините и критиките за договорите за слободна трговија како НАФТА и Светската трговска организација.

Тој рече дека очекува отпор од „глобалистите“ и „посебните интереси“, но ги повика Американците да веруваат на неговите инстинкти. „Запомнете, сите предвидувања на нашите противници за трговијата во последните 30 години беа целосно погрешни“, рече Трамп.

Царини до 50 отсто за „најлошите престапници“

Трамп најави дека ќе воведе царини до 50 отсто за „најлошите престапници“. 53 отсто одат за Кина, 20 отсто за Европската Унија и Јужна Кореја, а основната стапка за сите земји ќе биде 10 отсто. Канада засега нема да добие дополнителни царини, но нема да добие ниту олеснување.

Во својот втор мандат, опкружен со советници кои го делат неговиот светоглед и со републиканско мнозинство во Конгресот, Трамп е во позиција конечно да го спроведе она што тој го нарекува „трговска политика насочена кон Америка“. Според него, токму таквите политики ги направија САД богата нација пред повеќе од сто години и ќе го прават тоа повторно.

„Со години, чесните американски граѓани мораа да гледаат одстрана како другите земји стануваат богати и моќни, често на наша сметка“, рече Трамп. „Денес го менуваме тоа. Денес ќе ја направиме Америка повторно голема – и поголема од кога било досега“, додаде тој.

Економски ризик без преседан

Но, економските експерти предупредуваат дека потегот на Трамп може да има катастрофални последици. Тие велат дека високите царини ќе се прелеат на американските потрошувачи преку повисоки цени и може да предизвикаат глобална рецесија.

Поранешниот главен економист на Меѓународниот монетарен фонд, Кен Рогоф, изјави за Би-би-си дека шансите САД, најголемата светска економија, да влезе во рецесија сега се зголемени на 50 отсто.

„Тој само што фрли нуклеарна бомба врз глобалниот трговски систем“, рече Рогоф. „Последиците од царините од ова ниво на увозот во САД се едноставно запрепастувачки“, додаде тој.

Од сојузник во противник

Потегот на Трамп, исто така, се заканува да ги влоши односите со сојузниците. САД се обидуваат да ги зајакнат врските со Јапонија и Јужна Кореја во последниве години како противтежа на Кина. Но, сега овие три земји најавија дека заедно ќе реагираат на американската трговска политика.

Ако успее, Трамп ќе го преобликува глобалниот економски поредок што самите САД помогнаа да се воспостави по Втората светска војна. Ветува дека ќе го оживее американското производство, ќе генерира нови приходи и ќе ја намали зависноста од глобалните синџири на снабдување кои пропаднаа за време на пандемијата на Ковид.

Тоа е амбициозен план и многумина го сметаат за целосно нереален. Но, Трамп, кој опсесивно сака да остави длабока трага во историјата, го гледа ова како можеби неговата најголема можност. Во својот говор тој ден го нарече „ден на американското ослободување“.

Историски ден со неизвесен исход

Сепак, едно е сигурно, доколку Трамп ја спроведе својата најава до крај, тоа ќе биде историски пресврт во американската трговска политика. Прашање е само дали ќе остане запаметен како успех или економски неуспех.

Иако целиот говор беше триумфален и исполнет со самодоверба, малку сомнеж се провлече на крајот.

„Тоа ќе биде ден кога, се надевам, за неколку години ќе погледнете наназад и ќе кажете: знаете што, тој беше во право“, рече Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Кози брстат жива ограда на скопски булевар
Следна Статија (Видео) Барселона преку Атлетико до финалето на Купот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Дел од Берлин без струја, полицијата се сомнева во напад од екстремисти

Германската полиција се обидува да ја потврди автентичноста на писмо во кое се презема одговорност за подметнат пожар што остави…

September 9, 2025
СВЕТ

Со какви минерали е богата Украина и зошто Трамп ги сака?

Во Киев не се гледа позитивно на обидите на Доналд Трамп, американскиот претседател, да пристапи до ретките минерали во Украина.…

February 21, 2025
СВЕТ

Милион луѓе бегаат пред ураганот „Милтон“ (ВИДЕО)

Милтон, ураган од четврта категорија, денеска продолжи да се приближува до западниот брег на државата Флорида во југоисточниот дел на…

October 8, 2024
СВЕТ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на Нетанјаху за воени злосторства

Меѓународниот кривичен суд денеска издаде налози за апсење на Бенјамин Нетанјаху, Јоав Галант и по лидери на Хамас, обвинувајќи ги…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?