Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Би-би-си: Кина тргна во офанзива
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Би-би-си: Кина тргна во офанзива
СВЕТ

Би-би-си: Кина тргна во офанзива

Објавено April 15, 2025 10:35
Сподели
Сподели

Кина започна дипломатска офанзива во Југоисточна Азија во екот на трговската војна со САД, анализира Би-би-си.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг пристигна во Виетнам, каде што се состана со највисоките државни функционери, вклучувајќи го и лидерот на Комунистичката партија То Лам и премиерот Фам Мин Чин.

Во разговорите со виетнамското раководство, Кси повика на заедничко противење на „едностраното малтретирање“ со цел, како што рече, да се зачува глобалниот систем за слободна трговија, пренесува кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

За време на посетата, двете земји потпишаа дури 45 договори, кои опфаќаат широк опсег на области, вклучувајќи синџири на снабдување, изградба на инфраструктура и вештачка интелигенција. Кси наскоро заминува од Виетнам за Малезија, а во текот на неделата ќе ја посети и Камбоџа.

Посетата доаѓа во чувствителен период за целиот регион на Југоисточна Азија, кој е под зголемен трговски притисок од Вашингтон. Пред само неколку дена, САД објавија 90-дневна пауза во воведувањето на новите царини, кои дотогаш достигнуваа и до 49 отсто на извозот од некои земји во регионот. Во исто време, царини од дури 145% веќе се воведени за повеќето кинески извози во САД.

Патувањето на Кси Џинпинг во Југоисточна Азија е дел од пошироката стратегија на Пекинг за консолидирање на своето влијание во регионот во време кога трговските и политичките односи меѓу Кина и САД се сè позатегнати. Кина традиционално има силни економски врски со земјите од АСЕАН, регионален сојуз кој обединува десет земји од Југоисточна Азија, и токму тие сега се под зголемен притисок да застанат на страната на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се врати на чело на САД, ја зајакна царинската политика што започна за време на неговиот прв мандат. Во тој период, бројни кинески компании го префрлија производството во земји како Виетнам и Камбоџа со цел да ги заобиколат американските царини. Денеска се проценува дека четвртина од извозот на Кина оди преку трети земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако има пропусти ќе има одговорност, рече Таравари за пациентот кој почина чекајќи операција на Кардиохирургија
Следна Статија Николоски: Македонија нуди услови за отворање на добро платени работни места

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Пентагон испраќа околу 700 маринци во Лос Анџелес

Околу 700 маринци привремено ќе распореди американската војска во Лос Анџелес додека пристигнат дополнителни војници на Националната гарда, изјави функционер…

June 10, 2025
СВЕТ

НАСА откри огромен астероид, кој се движи кон Земјата и има шанса да удри во неа во 2032 година

Астероидот 2024 YR4 е забележан на 25 декември 2024 година, а сега е објавено дека постои шанса оваа вселенска карпа…

January 29, 2025
СВЕТ

На мртви Американци им се исплаќале чекови

Американските федералните агенции годишно губат стотици милиони или милијарди долари поради непотребни или грешни исплати на бенефиции, вклучително и исплати…

February 14, 2026
СВЕТ

Трамп го нарече Маск „голем зависник од дрога“

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со соработници го обвини милијардерот Илон Маск за зависност од дрога, пренесе „Вашингтон…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?