Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави за помошта за Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави за помошта за Кочани
МАКЕДОНИЈА

Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави за помошта за Кочани

Објавено April 2, 2025 20:48
Сподели
Сподели

Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави што пружија помош по трагедијата во Кочани.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во свое лично име, изразува најискрена благодарност до сите пријателски држави што во моментите на национална трагедија и шок, предизвикани од кочанската апокалипса, пружија и сè уште пружаат навремена и несебична помош, водени од принципите на солидарност и хуманост.

Ангажманот на нивните медицински тимови, подготвеноста на авионите и хеликоптерите за итна интервенција, отворањето на здравствените установи за повредените граѓани, како и активирањето на европскиот механизам за цивилна заштита, испратија недвосмислена и силна порака дека во најтешките моменти не сме сами. Тие ја делеа болката со нас, а нивната грижа стана наш заеднички лек.

Ја почувствувавме силата на вистинското пријателство преку нивната присутност и поддршка, којашто ќе остане врежана во колективната меморија на нашиот народ.

Тажно е што низ болката и ненадоместливата загуба ја спознавме суштинската поврзаност со светот и длабокото чувство на припадност, нешто што не требаше да биде плод на трагедија.

Од срце сме им благодарни,никогаш нема да ја заборавиме помошта од:

Република Србија

Република Бугарија

Република Турција

Хеленската Република

Кралството Шпанија

Република Австрија

Унгарија

Република Хрватска

Кралството Белгија

Италијанската Република

Република Литванија

Република Словенија

Кралството Шведска

Република Полска

Државата Израел

Република Чешка

Обединетото Кралство

Сојузна Република Германија

Големото Војводство Луксембург

Кралството Норвешка

Романија

Република Албанија

Босна и Херцеговина

Кралството Холандија

Република Финска

Француската Република

ЕУ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се продава Соравиа со која оперира Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ
Следна Статија Муцунски: Сакаме рационално решение за деблокада на пристапниот процес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Исфрлени повеќе од 70 тони вода во околината на Блаце

Повеќе од 70 тони вода исфрлени од двата полициски хеликоптери во околината на Блаце Во рамки на денешните активности на…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Влада: Авионот е користен согласно прописите, опозицијата шири хипокризија и сензационализам

Владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно Правилникот за условите и начинот…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на Богородица попладнево од 15.00 часот е нормализиран во двата правца

Сообраќајот на Граничниот премин Богородица (ГП Евзони), кој од 11 часот беше блокиран за влез и излез, попладнево од 15.00…

December 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се обрати на CPAC, ја отвори можноста за американски инвестиции во стратешки проекти во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?