Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Блерим Беџети доби кривична пријава- голема полициска акција во Сарај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Блерим Беџети доби кривична пријава- голема полициска акција во Сарај
ХРОНИКА

Блерим Беџети доби кривична пријава- голема полициска акција во Сарај

Објавено November 13, 2025 12:38
Сподели
Сподели

Кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и Град Скопје, како и надзорен инженер, порадисомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги.

Управата за финансиска полиција до Основното јавнообвинителство – Скопје поднесе кривична пријава противлицата Б.Б. во својство на поранешен градоначалник, С.Ш. и Ќ.К. во својство на поранешни секретари во Општина Сарај, А.С. и Ќ.А. во својство на раководители на сектор заурбанизам во Општина Сарај, А.Ш. во својство на помладсоработник во Општина Сарај, И.Б.Ш. во својство нараководител на сектор за планирање и уредување напросторот во Град Скопје и Љ.Т. во својство на надзоренинженер, за сторени кривични дела: „Злоупотреба наслужбена положба и овластување“ од член 353 одКривичниот законик на РСМ, „Несовесно работење вослужбата“ од член 353–в од Кривичниот законик на РСМ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“од член 280 од Кривичниот законик на РСМ.

Постојат основи на сомнение дека пријавените лица, вработени во Општина Сарај, иако биле свесни дека закатастарската парцела КП 10405/6 КО Сарај не постоидонесен детален урбанистички план, со пречекорување насвоите службени овластувања изготвиле и одобриле изводод план и одобрение за градба со невистинита содржина, како и пресметки за надоместок за уредување на градежноземјиште, спротивно на законските прописи, а надзорниотинженер извршил технички преглед на објектот и изготвилзавршен извештај со невистинита содржина. На овој начин, пријавените лица, злоупотребувајќи јасвојата службена положба и овластувања, како и несовесновршејќи ги своите должности, му овозможиле на правниотсубјект „Азра Идриз“ ДООЕЛ с. Глумово, Скопје – Сарајда се стекне со противправна имотна корист во износ од 108.638.840 денари.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонското градежништво мора да расте, вели Николоски
Следна Статија Мицкоски за уставните измени: Уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго, најдобри ќе бидеме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Жена во Карпош со автомобил удрила во автомобилот на партнерот, па му ги дупнала гумите и физички го нападнала

На 17.10.2025 во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека на 16.10.2025 околу 19:00 часот во…

October 18, 2025
ХРОНИКА

По повеќе од една деценија бегство – екстрадиран Хеди Рамковски, синот на Велија Рамковски

По повеќе од една деценија бегство, пред половина година во Македонија бил екстрадиран Хеди Рамковски, син на Велија Рамковски сопственик на поранешната влијателна…

December 15, 2024
ХРОНИКА

Битолската болница се оградува од докторот што е осомничен за примање поткуп, суспендиран е додека трае истрагата

Јавната здравствена установа Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ се оградува од постапката на докторот кој е притворен заради примање на…

January 29, 2025
ХРОНИКА

Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „насилство врз…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?