Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска и Јоксимовиќ: Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска и Јоксимовиќ: Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија
ЕКОНОМИЈА

Божиновска и Јоксимовиќ: Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија

Објавено October 29, 2025 17:35
Сподели
Сподели

Во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14), што се одржува во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Република Србија, задолжена за меѓународна соработка и европска интеграција.

Во фокусот на разговорите беше изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект од стратешко значење за енергетската безбедност и диверзификација на снабдувањето со гас во регионот.

Двете соговорнички се согласија дека проектот треба да се реализира во забрзана динамика, со цел да се овозможи поврзување на гасните системи на двете земји и пристап до нови извори на гас.

На маргините на форумот Дополнително, во Министерството за енергетика на Македонија се одржа работен состанок на кој се дискутираше координацијата на институциите и операторите во двете земји за реализација на проектот. Ба разгледани процедурите и техничките чекори за понатамошно убрзување на активностите.

„Гасниот интерконектор со Србија е еден од најважните регионални инфраструктурни проекти што ќе овозможи вистинска енергетска стабилност и сигурност. Овој проект не е важен само за Македонија и Србија – тој е значаен и за цела Европа. Со оваа нова енергетска врска, двете земји добиваат пристап до алтернативни извори и рути, а Европа добива посилен и подобро поврзан Балкан. Ова е чекор што ја позиционира нашата земја како активен и одговорен партнер во новата енергетска карта на Европа. Нашата заедничка цел е овој проект да се реализира во најкраток можен рок – затоа што секој ден е важен за нашата енергетска иднина. Со заеднички напори ќе го реализираме овој проект, во тесна координација и постојана комуникација со нашите партнери од Србија “ изјави министерката Сања Божиновска.

„ Гасниот интерконектор со Македонија е проект кој има значење подалеку од нашите граници. Тој е дел од визијата за регион кој е енергетски поврзан, сигурен и усогласен со европските цели. Србија и Македонија заедно покажуваат дека со партнерство и заедничка стратегија можеме да обезбедиме стабилна и предвидлива енергетска иднина. Соработката меѓу нашите две земји во областа на енергетиката е пример како регионалното партнерство може да донесе конкретни резултати. Соработката со колешката Божиновска и со македонскиот тим е интензивна и исклучително конструктивна. Уверена сум дека со заедничка координација и поддршка на нашите оператори ‘Србијагас’ и ‘Номагас’, ќе создадеме нова енергетска оска на стабилност меѓу двете земји. Имаме јасна динамика, завршени студии и поддршка од европските институции. Следниот чекор е координирана акција за изградба. Заеднички ќе работиме на тоа интерконекторот да стане реалност во најскоро време,“ истакна Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за меѓународна соработка и европска интеграција во Министерството за рударство и енергетика на Србија.

Информации за проектот „Гасен интерконектор Србија – Македонија“

Цел: Воспоставување двонасочна врска за транспорт на природен гас меѓу Северна Македонија и Србија, со што ќе се овозможи пристап до нови извори на снабдување.
Меморандуми:
Владите на двете земји потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на интерконекторот.
Националните оператори „Србијагас“ и „Номагас“ потпишаа меморандум за соработка со цел забрзување на реализацијата на проектот.
Технички карактеристики:
Должина: приближно 70 километри (47 km во Србија и 23 km во Македонија)
Рута: во Македонија ќе биде поврзан со постојниот гасовод кај Клечовце, а во Србија со гасоводот во Врање.
Значење: Проектот претставува стратешка енергетска врска што ќе овозможи диверзификација на изворите на гас, поголема енергетска сигурност и регионална интеграција на гасните пазари.
Двете страни ја потврдија својата посветеност да продолжат со интензивна координација на институционално и техничко ниво, за интерконекторот Македонија – Србија да стане функционална енергетска врска во интерес на граѓаните и економијата на целиот регион

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хрватската полиција со дронови почна да „лови“ несовесни возачи
Следна Статија Најсмртоносна полициска акција во Бразил- загинаа над 130 лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: Над 900 производи во „Новогодишната кошница“

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска објави дека листата на производи од акцијата „Новогодишна кошница“ е зголемена…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Според експертите, најдобро е британскиот заем да се инвестира во Чебрен

Експертите сметаат дека инвестицијата во Чебрен со помош на британскиот заем би претставувала значаен чекор напред. Ова би било најразумно,…

June 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Преку дијалог да се надминат високите цени на производите, за да нема поголеми последици, порача Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски порача дека ги разбира граѓаните и го разбира нивниот револт за бојкотот на маркетите, поради…

February 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Која земја во Европа има најниска минимална плата?

Минималната бруто месечна плата во Албанија изнесува 408 евра на крајот на јуни, според најновите ажурирани податоци од Европскиот статистички…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?