Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Поддршка за забрзана енергетска транзиција и нови проекти во енергетиката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Поддршка за забрзана енергетска транзиција и нови проекти во енергетиката
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Поддршка за забрзана енергетска транзиција и нови проекти во енергетиката

Објавено July 14, 2025 17:32
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Светска банка, на која се раговараше за тековните и идните активности насочени кон унапредување на енергетскиот сектор во Република Македонија, со фокус на енергетска транзиција, зголемена ефикасност и развој на обновливи извори на енергија.

На средбата беше истакната подготвеноста за продлабочување на соработката во областите на енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и модернизација на енергетската инфраструктура. Посебно внимание беше посветено на нови инвестициски проекти кои треба да обезбедат долгорочна стабилност и сигурност во снабдувањето со енергија.

Претставниците на Светска банка ја изразија безрезервната подготвеност на институцијата да ја поддржи Република Македонија во процесот на забрзана енергетска транзиција.

На средбата беше презентирана и „Програма за резултати“ (Program-for-Results) – инструмент на Светска банка кој овозможува поддршка на долгорочни проекти со јасно дефинирани индикатори за следење, транспарентност и евалуација на резултати. Програмата е особено применлива во сектори каде е неопходна институционална трансформација, инвестиции и управување со ресурсите.

Од страна на Министерството беа презентирани неколку приоритетни области за идна соработка, вклучувајќи:

  • зголемување на капацитетите за обновлива енергија,
  • дигитализација и модернизација на енергетската инфраструктура,
  • како и нов проект за енергетска ефикасност во резиденцијалниот сектор, кој би овозможил директна корист за домаќинствата и граѓаните преку мерки за подобрување на енергетската ефикасност во домовите.

Министерката Божиновска ја потврди определбата на Министерството за конкретни реформи, стратешко планирање и унапредување на регулативата во согласност со меѓународните практики. Таа упати благодарност до Светска банка за континуираната поддршка, оценувајќи ја како клучна за забрзување на зелената транзиција и стабилен енергетски систем во државата.

Министерството ќе продолжи со активна соработка со меѓународните финансиски институции за реализација на стратешки проекти кои го поддржуваат економскиот развој и енергетската безбедност на Република Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти
Следна Статија Уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштен кон крајот на летото, откри Николоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нашата енергетска транзиција е во тек, инвестираме во нови проекти за соларна и ветерна енергија

Реформите во енергетиката веќе даваат резултати. Обновливите извори на енергија во земјава сочинуваат повеќе од половина од вкупниот инсталиран капацитет…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата преговара за стратешките хидроелектрани Чебрен и Галиште

Премиерот Христијан Мицкоски на одговор за финансискиот плат за чист воздух, посочи дека се обезбедени финансии за проектите на владата,…

May 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Европската инвестициска банка отвора претставништво во Скопје

Владата на Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска потпишаа Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје. Овој…

November 12, 2025

Дали е време да се купи акционерство на Microsoft додека неговата зад-листа расте?

Комерцијалната зад-листа на Microsoft повеќе од двојно пораснала во споредба со минатата година, што укажува на огромна побарувачка за вештачка…

January 31, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?