Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Стабилната грејна сезона е приоритет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Стабилната грејна сезона е приоритет
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Стабилната грејна сезона е приоритет

Објавено September 12, 2025 11:14
Сподели
Сподели

На координациски состанок со претставници на сите надлежни институции од енергетскиот сектор беа разгледани тековните активности и подготвителните мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија во претстојната грејна сезона.

Редовниот ресорски состанок се одржа во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде покрај претставниците на Министерството од соодветните сектори, присуствуваа и претставници на компании и институции од енергетскиот сектор.

Во дискусијата активно учествуваа раководствата на ЕСМ, МЕПСО, НОМАГАС, како и претставници на НЕМО, кои ги изнесоа своите ставови, предизвици и предлози за натамошно унапредување на енергетскиот систем и зголемување на координацијата помеѓу институциите.

Разгледани беа:
• напредокот на проектите за енергетска инфраструктура;
• состојбата со обезбедувањето на потребните енергенси;
• плановите за работењето на берзата за електрична енергија и day-ahead пазарот;
• координацијата помеѓу институциите за одржување на стабилноста на системот.

Министерката Сања Божиновска беше информирана за досегашните подготовки и нагласи дека клучен приоритет останува сигурното и стабилно снабдување на граѓаните и индустријата во текот на целата грејна сезона.

За првпат по формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, министерката Божиновска воведе пракса на редовни координациски состаноци со сите надлежни институции од секторот. Целта е навремено информирање и координирање на активностите – практика што досега не постоела.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Само СДСМ може да се спротивстави на хаосот што го прави ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Професорот Трајковски: Дали можеме да определиме колкав е профитот на газдите во однос на платите на вработените?

Дали можеме да определиме колкав е профитот на газдите во однос на платите на вработените? Можеме и тоа релативно точно,…

July 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во 2024 година во македонските хотели и кафеани се потрошени 270,2 милиони евра

Kaко што објави Државниот завод за статистика(ДЗС), заклучно со септември минатата година во хотелско-угостителскиот сектор се слеале 270,2 милиони евра.…

January 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: ГОРД сум на инвестицискиот БУМ од Една МИЛИЈАРДА и 225 милиони евра, продолжуваме да работиме за граѓаните

На пат кон Турција и средбата со претседателот Ердоган денес, ја добив одличната вест која ја најавив и претходно, односно…

February 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе присуствува и Мицкоски: Утре почнува Светскиот економски форум во Давос

Светскиот економски форум по 56. пат ги собира водечките лидери од владата, бизнисот и граѓанското општество на годишен состанок во…

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?