Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновски: Заев и Ковачевски во процесот на евроинтеграциите ја доведоа Македонија до коленичење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Божиновски: Заев и Ковачевски во процесот на евроинтеграциите ја доведоа Македонија до коленичење
МАКЕДОНИЈА

Божиновски: Заев и Ковачевски во процесот на евроинтеграциите ја доведоа Македонија до коленичење

Објавено June 3, 2025 22:46
Сподели
Сподели

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше универзитетскиот професор Владимир Божиновски кој дискутираше за обраќањето на еврокомесарката за проширување Марта Кос која се обрати на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент каде што се понуди за олеснувач меѓу Македонија и Бугарија.

Божиновски потенцираше дека промената на Уставот во Македонија не било спорно туку што потоа, и дека од Македонија се барало се, без притоа да се понуди решение.

„Не беше спорно никогаш и проблематично самата промена на Уставот колку што потоа. Секогаш беше проблемот дека се бара се од Македонија без притоа да се понуди нешто, особено во случајот со Бугарија затоа што Бугарите едноставно одат на се подлабоки и подлабоки барања и они тоа отворено го кажуваат дека ова не е последното нешто со коешто ќе се соочи Македонија. Ние имавме договор за добрососедство којшто треба да послужи по решавањето на спорот со Грција, Македонија да ги започне преговорите, видовме дека Бугарија го погазија тој договор за добрососедство“, објасни Божиновски.

Божиновски објасни дека Македонија постојано се соочува со нови барања и дека владеењето на СДСМ и водењето на евроинтеграциите од страна на Заев и Ковачевски ја довеле Македонија до коленичење.

„Премногу пати имаше ветувања ова е последно, и ние се соочуваме постојано со некакви нови барања, јас мислам дека може да се изнајде решение каде што ние можеме да ги прифатиме Бугарите заедно со сите други малцинства но дека нема после тоа повторно да има нови барања кои ќе претставуваат блокада. Едно е добра волја друго е коленичење што го правеше Заев и Ковачевски, мора да направиме една јасна дистинкција што е добра волја а што е коленичење, видовме тоа до каде не однесе“, дециден е Божиновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Наредната недела ќе формираме Координативно тело и официјално почнуваме реализација на Договорот со Велика Британија
Следна Статија Кој беше Јошка Броз, внукот на Тито

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се воведува комунална полиција и ќе може да се отповика градоначалник

Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

Наставниците од средните училишта во државата до 12 септември можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силјановска – Давкова на свечена вечера приредена од Макрон за високите гости на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски на средба со УПОЗ и КСС

Премиерот Христијан Мицкоски попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откако…

February 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?