Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Боки 13“ за скандалот со Цеца: „Ти го подметнаа бугарското знаме, а ти уште и го бакнуваш“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Боки 13“ за скандалот со Цеца: „Ти го подметнаа бугарското знаме, а ти уште и го бакнуваш“
МАКЕДОНИЈА

„Боки 13“ за скандалот со Цеца: „Ти го подметнаа бугарското знаме, а ти уште и го бакнуваш“

Објавено November 1, 2025 17:31
Сподели
Сподели

Не престануваат реакциите откако синоќа српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ го развиори бугарското знаме при нејзиниот настап во спортската сала во Велес. Македонската јавност остро го осуди потегот, а видеата од моментот станаа вирални.

Додека обожавателите на Цеца ја оправдуваат дека станало збор за недоразбирање, други сметаат дека гестот бил свесен и навредлив. Дел од критичарите е и македонскиот водител Бојан Јовановски, познат како „Боки 13“. Тој преку објава на својот профил на Инстаграм ја праша Цеца што направила.

„Што направи Цецо, сред Велес, сред Македонија, со тоа бугарско знаме?! Ти го подметнаа жено, а ти уште и го бакнуваш. Што направи, Цецо. Аман, жено што направи сред Македонија и Велес. И ние имаме патриотизам,“, вели Боки-13 во својата објава.

На синоќешниот настап во Велес, до српската пејачка се приближува еден од присутните на бината, најверојатно нејзин соработник, и ѝ сугерира да го тргне знамето кое претходно го развиори пред публиката. Според видеата објавени на социјалните мрежи, Цеца во прв момент изгледа збунето, а подоцна се обидува да ја смири публиката. По инцидентот, таа на бината го подигна македонското знаме.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Радовиш
Следна Статија Протести во Бразил поради полициска операција против нарко-банди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти

Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал, вели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју во Тема…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Како Влада правевме, правиме и ќе правиме се за поддршка на семејствата на настраданите во „Пулс

Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на литургијата во Кочани: Солзите што протекоа, течат без престан

Еве, помина една година од таа трагична ноќ во која настрадаа бројни млади македонски чеда. Времето продолжи да тече, деновите…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково

На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни,…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?