Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Болницата за белодробни заболување „Јасеново“ вработи нов медицински персонал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Болницата за белодробни заболување „Јасеново“ вработи нов медицински персонал
ЗДРАВЈЕ

Болницата за белодробни заболување „Јасеново“ вработи нов медицински персонал

Објавено July 24, 2025 17:23
Сподели
Сподели

Еден лекар од општа пракса, четири медицински сестри со средна стручна спрема, од кои две за работни места болничарки и еден лаборант техничар со средна стручна спрема ќе станат дел од медицинскиот персонал на ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберколоза „Јасеново“. Болницата вработи и едно лице за одржување на хигиена.

Како што информира директорот Далибор Таневски, по истекот на огласот за прием на работа, вчера, докторот на медицина полагал стручен испит и англиски јазик додека останатите избрани кандидати биле на интервју. Вработувњето е направено со добиената согласност за вработување од страна на Министерството за здравство.

Тој информира дека во тек е и оглас за прием на еден приватен специјализант по интерна медицина што ќе заврши во понеделник, на 28 јули.

-Со новопримените здравствени работници, конечно ќе се обезбедат минимум потребните услови за нормално функционирање на болницата, појасни Таневски.

Специјализираната болница „Јасеново“ е една од поново реновираните јавни здравствени установи во земјава со обезбедени современи медицински апарати. Инаку Специјализираната болницата „Јасеново“ на пациентите им овозможува комплетни услуги од дијагностика со резултати за кои се чека најмногу четири часа.

Во неа освен од поширокиот велешки регион се лекуват пациенти од целата држава.

Болницата е позната како воздушна бања и македонски Шварцвалд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бизнисот побара посебни зони во Скопје и железница на Кејот, Ѓорѓиевски вети поддршка
Следна Статија Кога миленик станува бездомно животно: Последиците од напуштањето врз градот и општеството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции

Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека…

November 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите

Науката откри нов дел од имунолошкиот систем којшто може да биде клучен во борбата против бактериските инфекции и отпорноста на…

March 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мицкоски: Се реконструираат 7 операциски сали, блокот за патологија, биохемија и целосно опремување на ГОБ „8 Септември“ по најмодерни стандарди

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на ГОБ „8 Септември“ каде што е во тек реконструкцијата и адаптацијата на…

September 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Милиони луѓе во ризик поради SMS врски за најавување

Дури и познати услуги со милиони корисници се изложени на безбедносни закани.

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?