Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „БОРАН“ системи, „JLTV“, „STRYKER“, „JAVELIN“… што е набавено и што ќе се набави за македонската армија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „БОРАН“ системи, „JLTV“, „STRYKER“, „JAVELIN“… што е набавено и што ќе се набави за македонската армија
МАКЕДОНИЈА

„БОРАН“ системи, „JLTV“, „STRYKER“, „JAVELIN“… што е набавено и што ќе се набави за македонската армија

Објавено August 19, 2025 12:00
Сподели
Сподели

Оваа година македнската армија значително ќе се зајакне со пристигнување на дел од оклопните возила „STRYKER“, рече во вчерашниот говор министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Набавуваме и опрема за пешадија како што е вооружување со мал калибар, автоматски пушки, митралези, фрлачи на гранати, униформи, чизми и се што е потребно за нашите припадници беспрекорно да ги извршуваат своите задачи, истакна Мисајловски.

Мисајловски ја нагласи АБХО опремата како и инженерските машини и останата опрема.

Споменатите артилериски системи „Боран“, набавени од сојузничка Турција се веќе дел од армискиот арсенал. Набавуваме и напредна комуникациско-информациска опрема и опрема за сајбер одбрана и крипто заштита која е дел од седумте договори кои ги потпишавме со САД во декември минатата година. Во овие договори се вклучени и набавка на безпилотни системи, опрема за извидувачките и разузнавачките единици, опрема за специјалните сили, лесно пешадиско вооружување, средства за лична заштита и комплет за контрола на здружен оган, потенцираше Мисајловски.

Тој нагласи дека армијата дополнително ќе се зајакне со набавка на противоклопниот систем „JAVELIN“ кој ќе биде вграден во дел од оклопните возила JLTV и STRYKER.

Во тек е и проектот за набавка на ,,Специјални возила за посебни намени“ со кој ќе се обезбеди опремување со товарни и специјални моторни возила кои ќе ја засилат мобилноста и снабдувањето на единиците на Армијата. Продолжува и набавката на нови хеликоптери кои значително ќе ни помогнат во овие периоди кога се справуваме со пожарите на целата територија. Армијата ја градиме и преку одличните билатерални односи со нашите сојузници. Посебно со Соединетите Американски Држави кои нè поддржуваат во континуитет со сериозни финансиски средства. Обединетото Кралство нè поддржи со индивидуална опрема, а со Турција склучивме договори за набавка на околу 4.000 комплети борбена униформа кои очекуваме да пристигнат веќе во септември, а во дополнителна постапка и во процес сме за и околу 3400 пара чизми и 1800 комплети борбена униформа. Со поддршка од околу 38 милиони евра од Европскиот мировен фонд склучивме договори за набавка на медицински возила инженериски машини, дозери, наторувачи, симулатори за пациенти, одела за деминери, робот за уништување на неексплодирани средства, влечни возови, генератори и друга опрема, рече министерот Мисајловски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Омерагиќ: Клубовите од Втората лига ослободени од котизација по 15 години
Следна Статија Редизајниран и модернизиран Национален електронски систем за управување со документи, најави Андоновски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје вечерва пак е меѓу најзагадените градови во светот: Осмо место на глобалната листа на IQAir

Скопје, македонската престолнина, вечерва се наоѓа на осмото место на глобалната листа на градови со највисока загаденост на воздухот, со…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Шилегов откако се дистанцираше од СДСМ, „млати“ пари како адвокат

По завршувањето на мандатот во 2021 година и поразот на локалните избори, Петре Шилегов, тогашниот градоначалник на Скопје, тивко се…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски се извини на велешани за затворањето на мостот во Башино село за реконструкција, полицијата ќе обезбеди проток во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со премиерот на Владата Христијан Мицковски, министерот за транспорт и врски Александар…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дрин Ахмети: Добив пари од Фондот за иновации за печатач

Фирмите на Дрин Ахмети добиле два проекти од Фондот за иновации. Една од иновациите е печатач, објаснува Ахмети во интервјуто…

January 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?