Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Борба со вандализмот: Работен состанок во Владата во врска со несовесното однесување кон јавните добра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Борба со вандализмот: Работен состанок во Владата во врска со несовесното однесување кон јавните добра
МАКЕДОНИЈА

Борба со вандализмот: Работен состанок во Владата во врска со несовесното однесување кон јавните добра

Објавено February 19, 2025 22:26
Сподели
Сподели

По повод се поактуелниот проблем со несовесното третирање и однесувања кон јавните добра, пред сè поради вандализмот кон урбаната опрема, игралиштата и јавните површини, денеска во просториите на Владата на иницијатива на Министерството за локална самоуправа се одржа работен состанок меѓу претставници од повеќе министерства и Управниот одбор на ЗЕЛС каде се дискутираше за изнаоѓање на одржливи решенија.

– Заложба на Министерството за локална самоуправа е да се постигне трајно системско решение со кое ќе се санкционира таквото однесување, но и да се акцентира потребата од создавање на систем за правилен третман и превенција од ваквите случаи кои се честа појава, соопштија од Министерството за локална самоуправа.

За таа цел, како што се наведува во соопштението, Министерството за локална самоуправа формирало работна група во која партиципираат и претставници од Министерството за транспорт, Министерство за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за образование и наука, Министерство за социјална политика, демографија и млади, како и претставници од Управата за извршување на санкциите – Сектор за пробација и од невладини организации, но и претставници на ЗЕЛС.

На состанокот било констатирано дека е потребно трајно решение и отворен пристап на сите чинители кон проблемот со вандализмот, како и потреба од усвојување на ефективни механизми за справување со оваа појава.

Од Министерството за локална самоуправа посочуваат дека во рамки на актуелниот процес за изменување на Законот за локална самоуправа, оваа проблематика ја разгледуваат како една од клучните теми и таа е во фокусот од самиот почеток на процесот, а е една и од четирите основни темели на кои се базираат законските измени кои се подготвуваат.

-На потребата од зајакнување на механизмот на комунален надзор инсистираа и речиси сите досегашни учесници на серијата јавни дебати на кои се разменуваа мислења и предлагаа идеи во насока на заедничко изготвување на подобрен и модернизиран Закон за локална самоуправа, кој како процес го води Министерството за локална самоуправа, се посочува во соопштението.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински се заблагодарил на пројавениот интерес на сите чинители и потенцирал дека е можен успех само доколку сите одговорни фактори застанат зад решенијата што се предлагаат.

– Со изменетата законска рамка, практично ќе се создаде правна основа за зголемување на ингеренциите на постоечките комунални редари, материја која ќе се доуреди со Законот за комунални дејности. Во случајов, со овој механизам нема да се превенира само малолетничкиот вандализам, туку вандалското однесување и девијантните појави, без оглед на возраста на сторителите, потенцирал Перински.

На средбата било истакнато дека Министерството за локална самоуправа и натаму е отворено за сите иницијативи, идеи, предлози и сугестии кои би биле во интерес на поефикасно локално управување, од која корист ќе имаат не само општините, туку и граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Избоден маж од струмичко!
Следна Статија (ВИДЕО) Родители во парк имаат секс пред детето – покрената истрага

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Интернет користат 90,8 отсто од домаќинствата во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година, 90.8 % од домаќинствата имале пристап на…

October 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јахоски излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети

Стан од 344 квадратни метри на фирмата Би-холдинг, чиј сопственик е Хана Јахоска и со проценета вредност од околу милион…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Европа има шанса да исправи историска неправда, суштината на официјална Софија е создавање на нова македонска нација

Премиерот Христијан Мицкоски, уште еднаш ја коментираше резолуцијата во Европскиот парламент со која треба да се признае посебниот македонски идентитет…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница

На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?