Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид, откако попладнево нејзината ривалка Алина Корнеева од Русија ѝ го предаде дуелот во вториот сет по 50 минути игра.
Противничката го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а притоа успеа да направи два брејка во третиот и во деветтиот гем, искористувајќи ја третата сет топка. На стартот на вториот сет Ѓорческа направи брејк и потоа руската тенисерка го предаде мечот.
Ѓорческа утре во четвртфиналето ќе игра против Лиса Пигато од Италија (189 ВТА листа), која со пресврт ја совлада Лаура Самсон од Чешка со 2:1 во сетови.
Турнирот во Мадрид се игра за награден фонд од 100.000 евра
