Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Браќата од село Луке го убиле соседот за 6.000 денари, телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Браќата од село Луке го убиле соседот за 6.000 денари, телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле
ХРОНИКА

Браќата од село Луке го убиле соседот за 6.000 денари, телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле

Објавено April 8, 2025 14:32
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на жртвата. Помладиот брат го разбудил оштетениот и го извел надвор со изговор дека сака од него да купи ракија. Во дворот го удрил со мотика по главата, па двајцата заедно го влечеле и му нанеле уште неколку удари со предмет. Со пребарување по џебовите од жртвата одзеле 6.000 денари кои си ги поделиле, по што ги пребарале куќата и помошните простории. На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења, соопштуваат од Обвинителството.

По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово одреди мерка притвор за двајцата осомничени, кои до целосното расчистување на настанот беа обезбедени со мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американските медиуми: САД повлекуваат 10.000 војници од Европа
Следна Статија Величковски од Народната банка: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

УЖАС: Двајца силувале девојка во Кисела Вода

„На 07.03.2025 во 04:31 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка пријавила дека во објект на подрачјето на општина Кисела Вода,…

March 7, 2025
ХРОНИКА

Почина музичкиот автор и продуцент Тоше Поп-Симонов

Денеска почина познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов. Вестта за смртта на на социјалните мрежи ја сподели неговиот…

April 19, 2025
ХРОНИКА

Прифатени барањата на Обвинителството за новосомничените за пожарот во Кочани, притвор од 30 дена за четири лица, домашен притвор за шест

Основниот суд Кочани денеска ги прифати предложените мерки за новосомничените лица во проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ што…

April 13, 2025
ХРОНИКА

(Видео) Убиецот од Штип имал четворица помагачи, сите се од Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?