Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: БРИКС развива сопствен систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > БРИКС развива сопствен систем
Blog

БРИКС развива сопствен систем

Објавено July 7, 2025 08:48
Сподели
Сподели

Лидерите на земјите од БРИКС се согласија да започнат пилот-програма за воведување на заеднички гарантен механизам, со цел зголемување на стратешките инвестиции во членките и поширокиот Глобален Југ, според финалната Декларација од самитот одржан во Рио де Жанеиро.

Според документот, иницијативата ќе биде развиена во 2025 година во рамките на Новата банка за развој (НБР) и ќе се базира на постојното меѓународно искуство, а акционерите нема да уплатат дополнителен капитал, пренесува РИА Новости. Резултатите ќе бидат презентирани на следниот самит на БРИКС во 2026 година. „Целта на оваа иницијатива е да се понудат индивидуални гарантни инструменти за намалување на ризиците и зголемување на кредитниот рејтинг на клучните инвестиции во земјите на БРИКС и Глобалниот југ“, се наведува во Декларацијата.

Фокусот на Механизмот за меѓубанкарска соработка на БРИКС на промовирање на иновативни финансиски практики, вклучително и поддршка на финансирањето на проекти во националните валути на земјите-членки, беше исто така поздравен. Лидерите на БРИКС дополнително ги задолжија министрите за финансии и гувернерите на централните банки да продолжат да работат на разгледување на можноста за воспоставување сопствена инфраструктура за прекугранични плаќања, вклучително и иницијативата БРИКС „Клир“ – независна прекугранична инфраструктура за порамнување и депозити. Оваа идеја за прв пат беше официјално спомената за време на претходниот самит во Казан, како одговор на зголемените барања за поголем финансиски суверенитет и намалена зависност од западниот финансиски систем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Првпат во европски извештај се спомнуваат македонскиот идентитет и јазик и покрај обидите на талибански начин да се избришат
Следна Статија Во среда Европскиот парламент ќе гласа за извештајот за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Оваа компанија повлекува над 312.000 возила поради проблем со сопирачките

Повеќе од 312.000 возила во САД поради потенцијален безбедносен проблем што би можел да го зголеми ризикот. Според Националната администрација…

August 3, 2025
Blog

Овде се гради најскапата нуклеарна централа во историјата: Кошмар вреден 55 милијарди евра

Обединетото Кралство со децении нема изградено нова нуклеарна централа, а сега се соочува со еден од најголемите инфраструктурни предизвици во…

February 17, 2025
Blog

Остар пад на Волстрит по царините на Трамп за Канада и Мексико

Берзанските индекси на Волстрит драстично паднаа бидејќи инвеститорите стравуваа од трговска војна, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од…

March 4, 2025
Blog

Украина се откажува од доларот, еврото станува нова референтна валута?

Доколку Украина го формализира преминот кон еврото како референтна валута, тоа би бил еден од најконкретните чекори кон монетарна интеграција…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?