Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт
СПОРТ

Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт

Објавено February 21, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер во 12.коло ја забележа третата победа сезонава во Лигата на шампионите. Битолчани предводени од брилијантниот Никола Митревски, го победија Динамо Букурешт со 25:24 (12:13).

Пелистер, во пресрет на последните две кола, ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. Македонскиот првак има осум бода колку што по победата над Фуксе Берлин има и Висла Плоцк.

Поради лошата реализиција на седмерците (2/6), Пелистер стравуваше за победата до последните пет секунди. Победата на „зелените“ им аја овозможи најдобриот поединец на натпреварот, голманот Никола Митревски кој забележа 16 одбрани, вклучувајќи и клучната на пет секунди до крајот кога му фати „жива топка“ на Али Зејн.

Инаку, Пелистер подобро влезе во натпреварот, во 10.минута ја создаде најголемата предност (7:4). До крајот на полувремето Динамо трпеливо ја топеше разликата, а периодот во кој Пелистер не постигна гол од 25. до 30.минута, гостите го искористија да заминат на одмор со гол предност.

Шериодот на неефикасна игра Пелистер го префрли и во вториот дел, во првите осум минути Битолчани постигнаа само еден гол, па Динамо во 38.минута имаше предност од два гола.

Со серија од три гола Пелистер повторно го презеде водството и до крајот буквално се играше гол за гол. Пелистер не ги користеше шансите да си обезбеди мирен финиш, на крајот Митревски ја сочува победата, откако во последниот напад на Пелистер, на 20 секунди до крајот Хосни ја „продаде“ топката.

Најефикасни во редовите на Пелистер беа Тајник со шест, односно Кузмановски и Радовијевиќ со по пет гола.

Во претпоследното коло, на 27.февруари, Пелистер ќе му гостува на Фуксе во Берлин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Tрамп му понудил на Зеленски нов договор за минералите
Следна Статија Се намалуваат цените во маркетите, инспекторите на терен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Уапсен е синот на Мајкл Џордан

Синот на легендарниот Мајкл Џордан, Маркус Џордан, е уапсен на Флорида поради возење во пијана состојба, поседување кокаин и давање…

February 4, 2025
СПОРТ

(Видео) Врие во Шпанија поради одлуките на ВАР судиите

Победата на Барселона над Рајо Ваљекано крена голема прашина и донесе промени на табелата во шпанската Ла Лига. Каталонците славеа…

February 18, 2025
СПОРТ

„Црвените ѓаволи“ истрчаа на „Градски“

Селекторот Руди Гарсија ги искажа своите очекувања од мечот со Македонија. Тој рече дека сите играчи кои се допатувани, се…

June 5, 2025
СПОРТ

Дарио Ивановски е добитник на наградата „13 Ноември“

Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје, организираше свеченост за доделување на наградите „13 Ноември“ на…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?