Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт
СПОРТ

Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт

Објавено February 21, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер во 12.коло ја забележа третата победа сезонава во Лигата на шампионите. Битолчани предводени од брилијантниот Никола Митревски, го победија Динамо Букурешт со 25:24 (12:13).

Пелистер, во пресрет на последните две кола, ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. Македонскиот првак има осум бода колку што по победата над Фуксе Берлин има и Висла Плоцк.

Поради лошата реализиција на седмерците (2/6), Пелистер стравуваше за победата до последните пет секунди. Победата на „зелените“ им аја овозможи најдобриот поединец на натпреварот, голманот Никола Митревски кој забележа 16 одбрани, вклучувајќи и клучната на пет секунди до крајот кога му фати „жива топка“ на Али Зејн.

Инаку, Пелистер подобро влезе во натпреварот, во 10.минута ја создаде најголемата предност (7:4). До крајот на полувремето Динамо трпеливо ја топеше разликата, а периодот во кој Пелистер не постигна гол од 25. до 30.минута, гостите го искористија да заминат на одмор со гол предност.

Шериодот на неефикасна игра Пелистер го префрли и во вториот дел, во првите осум минути Битолчани постигнаа само еден гол, па Динамо во 38.минута имаше предност од два гола.

Со серија од три гола Пелистер повторно го презеде водството и до крајот буквално се играше гол за гол. Пелистер не ги користеше шансите да си обезбеди мирен финиш, на крајот Митревски ја сочува победата, откако во последниот напад на Пелистер, на 20 секунди до крајот Хосни ја „продаде“ топката.

Најефикасни во редовите на Пелистер беа Тајник со шест, односно Кузмановски и Радовијевиќ со по пет гола.

Во претпоследното коло, на 27.февруари, Пелистер ќе му гостува на Фуксе во Берлин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Tрамп му понудил на Зеленски нов договор за минералите
Следна Статија Се намалуваат цените во маркетите, инспекторите на терен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Џепчирчир победи на маратонот на Мундијалот во Токио, Поп Арсова заврши претпоследна

Кенијката Перез Џепчирчир го освои златниот медал во маратонот на Светското првенство во атлетика во 2025 година. Триесет и едногодишната…

September 14, 2025
СПОРТ

Од денеска навиваме за македонските ракометарки на Европското првенство

Македонската женска ракометна репрезентација вечер во 1. коло на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Шведска. Натпреварот се игра…

November 28, 2024
СПОРТ

Ohio State се подготвува за плејоф по загубата од Индијана

За втор пат по ред, Ohio State, тимот што го освои националното primeiro место, ќе влезе во College Football Playoff…

December 8, 2025
СПОРТ

Газдите на Манчестер Јунајтед наместо Тен Хаг го избркаа – легендарниот Фергусон!

Сер Алекс Фергусон, менаџер на Манчестер јунајтед во најславната ера на клубот од „Олд Трафорд“, повеќе нема да биде дел…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?