Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британија најавува ревизија на имиграциската политика: Помалку визи за квалификувани работници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Британија најавува ревизија на имиграциската политика: Помалку визи за квалификувани работници
СВЕТ

Британија најавува ревизија на имиграциската политика: Помалку визи за квалификувани работници

Објавено May 12, 2025 09:35
Сподели
Сподели

Британската влада ги претстави плановите за ревизија на имиграциската политика на земјата и ставање крај на „неуспешниот експеримент на слободните пазари и масовната имиграција“, а најави и ограничувања за визите за квалификувани работници.

Според новите планови на британската влада, визи за квалификувани работници ќе се издаваат само за дипломирани студенти, додека визи за помалку квалификувани работници ќе се издаваат само за клучните области дефинирани со националната индустриска стратегија, пишува Ројтерс.

Британскиот премиер Кир Стармер е под притисок да го намали нето-имиграцискиот прилив, откако десничарската, антиимигрантска партија на Најџел Фараж „Реформирај Обединетото Кралство“ освои место во Долниот дом на парламентот на неодамнешните вонредни избори.

Лабуристичката влада најави дека промените ќе бидат дел од политичкиот документ наречен „Бела книга“, кој ќе биде објавен денеска, 12 мај. Во него ќе бидат вклучени планови за намалување на имиграцијата.

Наследивме неуспешен имиграциски систем, во кој претходната влада го замени слободното движење со експеримент на слободен пазар, изјави британската министерка за внатрешни работи Ивет Купер. Преземаме одлучни мерки за враќање на контролата и редот во имиграцискиот систем, додаде таа.

Нето-имиграцијата – разликата помеѓу бројот на имигранти во Велика Британија и оние што ја напуштаат земјата – достигна рекордни 906.000 лица во дванаесетте месеци до јуни 2023 година. За споредба, во периодот 2018-2019 година, кога Велика Британија сè уште беше дел од ЕУ, бројката изнесувала 184.000 лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку протеини треба да јадете за да ослабете
Следна Статија Се чека само Коста да излезе од затвор: „Нетфликс“ подготвува филм за масакрот, родителите се бесни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Анкета: Харис има 50 отсто поддршка од гласачите, два поени повеќе од Трамп

Меѓу веројатните гласачи на претстојните избори во САД во ноември, демократката Камала Харис води со 50 отсто од гласовите, наспроти…

October 13, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Вашингтон на нозе: По одлуката на Трамп да ја донесе Националната гарда, луѓето излегоа на улиците

Откако Доналд Трамп најави „историска акција“ што ќе го „врати главниот град“, спонтано започнаа протести во Вашингтон. Демонстрантите носат транспаренти…

August 11, 2025
СВЕТ

Техеран: Подготвени сме и за преговори и за војна со САД

Техеран е подготвен да ги обнови разговорите со САД, но тие мора да бидат фер и да не се однесуваат…

January 30, 2026
СВЕТ

Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк

Осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк би можел да се соочи со најстрогата казна – егзекуција, изјави…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?