Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британската монархија во нов проблем: пронајден документ што го зголемува притисокот врз кралот Чарлс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Британската монархија во нов проблем: пронајден документ што го зголемува притисокот врз кралот Чарлс
ЗАБАВА

Британската монархија во нов проблем: пронајден документ што го зголемува притисокот врз кралот Чарлс

Објавено August 8, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Британскиот крал Џорџ IV лично профитирал од работата на робови на плантажите во Гренада, покажува најновото истражување, што дополнително ја зголемува јавната критика кон монархијата да се соочи со својата улога во времето на ропството.

Дезири Баптист, независен истражувач, пронашла документ од 1823-24 година во Националниот архив во Лондон, кој сведочи за уплата од 1.000 фунти (што денес изнесува околу 103.000 фунти или околу 120.000 евра) од две кралски плантажи во Гренада каде што работеле стотици поробени луѓе.

Парите биле наменети за приватната каса на кралот Џорџ IV и, според Баптист, придонеле за неговиот „раскошен начин на живот“.

Баптист истакнува дека досега никој британски монарх јавно не признал дека Круната поседувала и профитирала од поробени луѓе.

Нејзиното истражување е дел од поширока студија наречена „Робови, сопственост на Неговото Величество: Џорџ IV и Гренада“.

Професорот Едмон Смит од Универзитетот во Манчестер, кој ја води студијата за улогата на кралската фамилија во ропството, изјави дека оваа уплата може да биде „само врвот на ледениот брег“.

Тој заедно со Ник Дрејпер од Универзитетскиот колеџ во Лондон ги потврдиле наодите на Баптист.

Смит додаде дека доказите укажуваат на поширок образец на колонијална експлоатација во потрага по приходи од карипските колонии.

Бакингемската палата не дала коментар на извештајот.

Крал Чарлс претходно изразил жалење поради ропството во говор пред лидерите на Комонвелтот во 2022 година и ја поддржал академската студија за историската улога на монархијата, но засега не ја признал директната вмешаност на Круната во робовласништвото, пренесе Ројтерс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Внимавајте каде паркирате: Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркирани возила
Следна Статија Денеска се празнува летна Света Петка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Ова не ни го прават ниту Грци, ниту Бугари: Македонците во Германија ја бојкотирале Каролина

Познатата македонска пејачка Каролина Гочева тврди дека друштво на македонски иселеници од Дизелдорф повикувало на бојкот на нејзиниот концерт во…

December 2, 2024
ЗАБАВА

Гледачите им пресудија- ќе нема четврта сезона од „Сексот и градот“

По три сезони, приказната за Кери Бредшо и нејзините пријателки во „И токму така...“ завршува. Популарното продолжение на култната серија…

August 2, 2025
ЗАБАВА

Нов омилен телефонски grip: Иновативни решенија за подобро држење

Магнетните phone grip додатоци на Syncwire и OhSnap Snap Grip 5 нудат извонредно корисничко искуство

December 20, 2025
ЗАБАВА

ГИ ПОКАЖА ИЗВАЈАНИТЕ НОЗЕ: Лепа Брена осамна на насловна на „Вог“ (ФОТО)

Балканската ѕвезда Лепа Брена се најде на насловната страница на балканското издание на модниот магазин Vogue, Vogue Adria. За познатото списание…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?