Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британскиот премиер ќе објави формално признавање на Палестина како држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Британскиот премиер ќе објави формално признавање на Палестина како држава
СВЕТ

Британскиот премиер ќе објави формално признавање на Палестина како држава

Објавено September 21, 2025 09:15
Сподели
Сподели

Велика Британија денескa ќе ја признае палестинската држава и покрај притисокот од САД и семејствата на заложниците што ги држи Хамас. Британскиот премиер, Кир Стармер, во јули објави дека Велика Британија ќе ја признае Палестина во септември доколку ситуацијата во Газа не се подобри.

Би-Би-Си објави дека Стармер и министрите од британската влада заклучиле дека ситуацијата на терен се влошила во последните недели и дека ќе го објават признавањето на Палестина во недела попладне.

Признавањето на Палестина е голема промена во британската надворешна политика откако неколку претходни влади тврдеа дека признавањето треба да дојде како дел од сеопфатен мировен договор.

Овој потег предизвика остри критики од израелската влада, семејствата на заложниците и некои конзервативци. Израелскиот Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека таквата одлука „го наградува теророт“.

Најавеното признавање беше критикувано и од водечките американски политичари, кои предупредија дека тоа ќе го зајакне Хамас и ќе ја загрози безбедноста на Израел.

Како што претходно најави португалското Министерство за надворешни работи, и Португалија денес официјално ќе ја признае палестинската држава.

Се очекува уште десет земји да го следат примерот на Португалија на Генералното собрание на ОН.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денес се празнува празникот посветен на раѓањето на Пресвета Богородица: Заштитничка на жените, се верува дека помага на тие што немаат деца
Следна Статија Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски ја напушти Белата куќа, Трамп му порача да се врати кога ќе биде подготвен за мир

Белата куќа соопшти дека прес-конференцијата на американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Зеленски е откажана. Извор од Белата…

February 28, 2025
СВЕТ

Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за Ен-Би-Си Њуз изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да…

July 11, 2025
СВЕТ

Погребан папата Франциск

Со црковни песни, длабоки емоции и солзи, илјадници верници, граѓани и светски лидери му оддадоа последна почит на духовниот водач…

April 26, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Најмалку 10 загинати во масакрот на плажа во Сиднеј, уапсени се двајцата напаѓачи

Најмалку 12 лица се убиени, а 29 се повредени на плажата Бонди во Сиднеј, потврди полицијата на Нов Јужен Велс.…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?