Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британски милијардер: Трамп има неколку часа да ја исправи огромната грешка со царините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Британски милијардер: Трамп има неколку часа да ја исправи огромната грешка со царините
СВЕТ

Британски милијардер: Трамп има неколку часа да ја исправи огромната грешка со царините

Објавено April 8, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Ричард Бренсон, британскиот милијардер и сопственик на авиокомпанијата „Вирџин Атлантик“, остро ја критикуваше американската влада за ненадејното воведување нови царини, истакнувајќи дека пазарната реакција на тој потег била „и предвидлива и можела да се спречи“.

Во низа објави на социјалната мрежа Икс тој предупреди на сериозните последици за американската и светската економија.

„Дури и да се согласувате со основната идеја на овие царини, требаше да се направи се за да им се овозможи на американските компании да имаат доволно време да се приспособат“, напиша Бренсон.

Тој вели дека пазарите реагирале панично, а последиците се веќе видливи.

„Финансиските пазари ширум светот сега се во слободен пад, со катастрофални последици за обичните Американци и остатокот од светот. Пензионерските заштеди на Американците масовно ќе исчезнат“, рече Бренсон.

Како што доларот слабее, додава тој, се очекува зголемување на цените за американските потрошувачи. Во исто време, многу мали и средни компании веќе банкротираат или се на тој пат.

Ова не е победничка стратегија на долг рок. Владата на САД сè уште може да ги промени работите, но мора да дејствува во следните неколку часа“, нагласи Бренсон.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема да има реконструкција на Влада пред локалните избори, уверува премиерот, превирања во коалицијата „Вреди“
Следна Статија (Видео) Флорида Гејторс ја освоија титулата во НЦАА

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Белата куќа: На Трамп му се дијагностицирани проблеми со вените

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е прегледан за оток во долниот дел од нозете и модринки на рацете, изјави денеска…

July 17, 2025
СВЕТ

Орбан му заблагодари на Трамп: Силните луѓе прават мир, слабите војуваат

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп затоа што „храбро се заложил за мир“.…

March 1, 2025
СВЕТ

Илон Маск: Јас не користам дрога

Илон Маск на X објави дека не користи дроги, еден ден откако „Њујорк тајмс“ објави дека поранешниот соработник на Доналд…

June 1, 2025
СВЕТ

Хамас ослободи осум израелски и тајландски заложници

Палестинското движење Хамас во Газа ослободи осум заложници и ги предадоа на Црвениот крст, но размената беше проследена со хаотични…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?