Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, синоќа изјави дека „жали за војните“, но дека Србија мора да го продава оружјето и муницијата што ги произведува, покритиките кон владата за извоз на оружје во Израел.
Оваа земја има своја одбранбена индустрија, таа е значаен фактор во нашата економија и издржува десетици илјади семејства во Србија“, изјави Брнабиќ за телевизијата Пинк.
Таа оцени дека Србија „секако може да биде горда на својата одбранбена индустрија“, пренесе N1
„Но, знаете, одбранбената индустрија произведува муниција и оружје, кое обично се користи во војните. Да, ние ги извезуваме сите наши производи од одбранбената индустрија“, рече Брнабиќ.
Според неа, целото производство на српската одбранбена индустрија е резервирано со години однапред, што е добро за луѓето што работат во таа област и за домашната економија.