Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бронзен медал за Трајковски на Балканското првенство во Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Бронзен медал за Трајковски на Балканското првенство во Белград
СПОРТ

Бронзен медал за Трајковски на Балканското првенство во Белград

Објавено February 16, 2025 00:02
Сподели
Сподели

На Балканското првенство во атлетика во сала кое се одржа во Белград, македонскиот репрезентативец Андреас Трајковски во скок во далечина освои бронзен медал со прескокнати 7 метри и 63 сантиметри.

Андреас уште во првата серија со скок од 7.57 метри ја зазеде третата позиција и во третата серија го подобри резултатот на 7.60 метри, но во четвртата серија Никита Маслук од Украина прескокна 7.61 метар што значеше дека во тој момент Андреас го изгуби бронзениот медал.

Но, во петтата серија Андреас успеа да прескокне 7.62 метри, а бронзениот медал го потврди со неговиот најдобар скок во последната серија од 7.63 метри.

Златниот медал го освои Божидар Сарабујуков од Бугарија со скок од 8.12 метри, додека среброто му припадна на Данио Дубина од Украина со скок од 7.92 метри.

Ова е трет медал на Андреас Трајковски за Македонија од Балканските првенства во сала. Во 2022 година освои исто така бронзен медал, а во 2024 освои сребрен медал во скок во далечина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сириец (23) бодеше луѓе на улица во Австрија и уби 14-годишно дете
Следна Статија Австралија воведува двегодишна забрана за странци за купување недвижен имот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонските кошаркари утре патуваат за Унгарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија рано утре заминува за Унгарија и Романија, каде што ќе ги игра следните два натпревара од…

August 5, 2025
СПОРТ

Ни поп не може да го натера Аморим да ја смени формацијата

Манчестер Јунајтед сè уште талка на почетокот од новата сезона, а тренерот Рубен Аморим останува доследен на својата филозофија на…

September 20, 2025
СПОРТ

Еден-два за Мекларен во Мајами – Пјастри пред Норис и Расел

Оскар Пјастри ја освои Големата награда на Мајами. Австралиецот ја забележа шестата победа во кариерата, четврта оваа сезона, трета во…

May 5, 2025
СПОРТ

Марко Пејчиновски успешно го оствари својот подвиг наречен Ironman

Младиот охриѓанец, Марко Пејчиновски уште еднаш успеа да ја оствари својата нова мисија. Модифицираниот Ајронмен триатлон во должина од 107…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?