Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
БАЛКАН

Бројни полициски тимови распоредени низ Белград

Објавено June 28, 2025 17:29
Сподели
Сподели

Српската полиција распореди голем број припадници во Белград во обид да се зачува мирот поради најавениот протест на студентите во блокада и од попладнево кога почнаа да се собираат голем број граѓани кои ја поддржуваат властите. Во центарот на српскиот главен град засега се е мирно, јави дописникот на МИА од Белград.

Во близина на парламентот се распоредени голем број полициски комбиња како и пред зградата на РТС што е во близина.

На плоштадот Славија каде треба да се одржи големиот протест на студентите во блокада веќе има голем број граѓани, дел од нив се од собири на граѓани од голем број белградски општини.

Затворен за сообраќај е Бранков мост како и мостот Газела, додека полицијата затвори сообраќај и на неколку улици во центарот на Белград.

Поддржувачите на студентите кои се противат на блокадата на факултетите, на повик на владини претставници, го исполнија платото и улицата пред Парламентот на Србија, како и блискиот плоштад Никола Пашиќ каде што треба да се одржи книжевната вечер. Граѓани, предводени од некои лидери на СНС, пристигнуваат од различни делови на градот.

Српскиот патријарх Порфирије повика на единство, нагласувајќи од Видовданската литургија во манастирот Раваница да бидат отворени во однос едни кон други, да ги слушаат другите, да бидат подготвени да ги поднесат слабостите едни на други и да не инсистираат одвреме-навреме да биде онака како што сакаат. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна „МојДДВ“, од УЈП работат на отстранување на проблемот
Следна Статија Движењето ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за електронски попис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Oва е Србинот што го уби дизајнерот на Ролс Ројс

Никола Здравковиќ (22) од околината на Велико Градиште во јули беше уапсен под сомнение дека е убиецот на Јан Камерон…

October 7, 2024
БАЛКАН

Хрватска ќе купува шест турски борбени дронови Бајрактар за 86 милиони евра

Хрватска потпиша договор од 86 милиони евра за набавка на шест беспилотни летала Бајрактар ТБ2 од Турција, со рок на…

November 17, 2024
БАЛКАН

Околу 500 илјади кокошки уништени поради птичји грип во Албанија

За еден месец, по појавата, птичјиот грип во Албанија згасна неколку живинарски фарми, кои главно се наоѓаа во областа Рашбул,…

April 5, 2025
БАЛКАН

Коста знаел што прави додека пукал во Рибарник, покажало вештачењето

Српска Република ексклузивно дознава што покажало вештачењето на Коста Кечмановиќ и семејствата на убиените. Во Вишиот суд во Белград се…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?