Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
БАЛКАН

Бројни полициски тимови распоредени низ Белград

Објавено June 28, 2025 17:29
Сподели
Сподели

Српската полиција распореди голем број припадници во Белград во обид да се зачува мирот поради најавениот протест на студентите во блокада и од попладнево кога почнаа да се собираат голем број граѓани кои ја поддржуваат властите. Во центарот на српскиот главен град засега се е мирно, јави дописникот на МИА од Белград.

Во близина на парламентот се распоредени голем број полициски комбиња како и пред зградата на РТС што е во близина.

На плоштадот Славија каде треба да се одржи големиот протест на студентите во блокада веќе има голем број граѓани, дел од нив се од собири на граѓани од голем број белградски општини.

Затворен за сообраќај е Бранков мост како и мостот Газела, додека полицијата затвори сообраќај и на неколку улици во центарот на Белград.

Поддржувачите на студентите кои се противат на блокадата на факултетите, на повик на владини претставници, го исполнија платото и улицата пред Парламентот на Србија, како и блискиот плоштад Никола Пашиќ каде што треба да се одржи книжевната вечер. Граѓани, предводени од некои лидери на СНС, пристигнуваат од различни делови на градот.

Српскиот патријарх Порфирије повика на единство, нагласувајќи од Видовданската литургија во манастирот Раваница да бидат отворени во однос едни кон други, да ги слушаат другите, да бидат подготвени да ги поднесат слабостите едни на други и да не инсистираат одвреме-навреме да биде онака како што сакаат. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна „МојДДВ“, од УЈП работат на отстранување на проблемот
Следна Статија Движењето ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за електронски попис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Спречен снајперски атентат во Црна Гора

Црногорската полиција спречила планиран снајперски атентат врз Радослав Гиле Станишиќ, кого тамошните медиуми го опишуваат како високопозициониран член на кавачкиот…

May 17, 2026
БАЛКАН

Во Србија денеска генерален штрајк на кој повикаа студентите

Во Србија денеска почнува генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој граѓаните ги повикаа студентите што организираат блокада. „Не…

January 24, 2025
БАЛКАН

Парламентот ја изгласа новата влада на Словенија, предводена од Јанша

Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа…

June 4, 2026
БАЛКАН

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?