Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бројот на жртви од пожарот во Тузла се искачи на 12, утрешниот ден е прогласен за ден на жалост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бројот на жртви од пожарот во Тузла се искачи на 12, утрешниот ден е прогласен за ден на жалост
БАЛКАН

Бројот на жртви од пожарот во Тузла се искачи на 12, утрешниот ден е прогласен за ден на жалост

Објавено November 5, 2025 19:02
Сподели
Сподели

Уште едно лице почина како последица на пожарот што избувна синоќа во пензионерски дом во Тузла, пренесуваат дел од босанските медиуми.

Лицето, како што се додава, починало во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Со тоа, бројот на жртви се зголеми на 12, а 35 лица се повредени, меѓу кои пожарникари и полицајци.

Како што претходно изјави Аднана Спречиќ, портпаролка на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот Кантон, четири лица се на механичка вентилација и се во тешка состојба.

Пожарот избувна синоќа на седмиот кат од зградата на домот, во одделението каде што биле сместени неподвижни лица.

На вонредна седница одржана денес, владата на Тузланскиот Кантон, по повод трагичните настани со пожарот во пензионерскиот дом, го прогласи четврток, 6 ноември 2025 година, за ден на жалост во Тузланскиот Кантон.

На денот на жалоста сите органи и институции во Тузланскиот Кантон ќе ги истакнат знамињата на половина копје. Сите медиуми и други средства за информирање, како и организаторите на културни, уметнички и спортски настани во областа на Тузланскиот Кантон, се должни да ја приспособат својата програма на денот на жалост.

Претходно денеска директорот на пензионерскиот дом во Тузла си поднесе оставка од функцијата, додека градските власти разгледуваат какви мерки би можеле да се преземат за да се утврдат причините за трагедијата и да се обезбеди сместување за преживеаните.

Информирајќи за својата одлука, директорот во оставка, Мирсад Бакаловиќ, рекол дека пожарот во домот и смртните случаи не се трагедија само за Тузла, туку и за цел Босна и Херцеговина, тврдејќи дека тој и другите вработени во домот направиле сè што можеле за да им помогнат на лицата сместени во установата.

Пожарот во домот за стари лица веднаш стана причина за сериозни обвинувања против раководството на установата.

Од политичката партија Наша партија реагирале преку писмено соопштение наведувајќи дека нивниот советник во Општинскиот совет на Тузла предупредил за лошите услови за сместување во домот.

Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, по трагедијата најави надзор на сите институции за социјална помош во ентитетот.

Тој денеска имал средба со членот на претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и со градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ. На средбата, како што пишуваат босанските медиуми, било информирано за моменталната состојба по трагедијата во пензионерскиот дом во Тузла.

Тие разговарале за мерките што надлежните органи веќе ги презедоа, како и за претстојните активности поврзани со реконструкцијата и обезбедувањето соодветни услови за грижа на корисниците на домот. Посебно внимание било посветено на прашањата за психолошка и социјална поддршка на семејствата на жртвите и преживеаните корисници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведена 73-годишна неготинка, осомничена за предизвикување пожар
Следна Статија Филипче најавува и поширок опозициски фронт – наскоро нови имиња во врвот на СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Цетиње

Во Србија денеска е Ден на жалост поради убиството на 12 лица и ранувањето на четири лица во градот Цетиње,…

January 5, 2025
БАЛКАН

Хрватска стана ново прибежиште за балканските криминалци

Нема граници за мафијата на Балканот.Во моментов Хрватска стана ново прибежиште за балканските криминалци кои добија и пасоши. Во гаражите…

April 22, 2025
БАЛКАН

Србија доби ново одложување на санкциите за НИС

Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти дека санкциите против Српската нафтена индустрија (НИС) се повторно одложени, овој пат до…

April 26, 2025
БАЛКАН

Во Србија граѓаните плаќаат поскапа струја од 13 држави во Европа

Граѓаните на Србија ја плаќаат поскапо електричната енергија од жителите на 13 европски држави, а владини претставници тврдат дека цената…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?