Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
СВЕТ

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе

Објавено March 29, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 1.644 лица, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на информации од владејачката хунта во Мјанмар. Најмалку 139 лица се водат како исчезнати. Повредените се 3.408 луѓе. Овие бројки се очекува да се зголемат.

Продолжуваат операциите за пребарување и спасување во Мјанмар, особено во најголемите погодени градови – Мандалеј и главниот град Нејпидо. Спасувачки екипи и опрема веќе пристигнаа од други земји. Но, овој процес е отежнат поради штетите што земјотресот ги предизвика на аеродромската инфраструктура на двата града.

Сателитските снимки од компанијата Planet Labs PBC покажаа дека земјотресот ја уништил кулата за контрола на летање на аеродромот во Нејпидо. Сè уште не е јасно дали има повредени или загинати при уривањето на кулата.

Авионите со спасувачки тимови слетуваат на аеродромот во Јангон наместо директно во погодените Нејпидо и Мандалеј.

Во меѓувреме, спасувачите денеска извлекоа 30-годишна жена од урнатините на нејзината станбена зграда во Мандалеј, јавија агенциите. Жената е пренесена во болница. Таа била под урнатините 30 часа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Директорката на Пластична хирургија: Третманите многу зависат од оштетувањето и лузните на кожата
Следна Статија Ниту еден од пациентите од Кочани примени во „Пирогов“ не е на механичка вентилација, изјави директорот Валентин Димитров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Не знам како уште е жив, Трамп јаде многу лоша храна, вели американскиот секретар за здравство Роберт Кенеди Џуниор

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,…

January 16, 2026
СВЕТ

Трамп потврди дека сака САД да ја купат Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе објави царина од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум…

February 10, 2025

Трамповата администрација открива нов план за милитаризирана зона на границата меѓу Калифорнија и Мексико

Некои 760 акри јавна земја во округот Сан Диего и Империјал се пренесуваат на Морнарицата за поддршка на безбедноста на…

December 12, 2025
СВЕТ

УЖАС ВО ГАЗА: Ги убиле додека чекале храна- Најмалку 25 лица го загубија животот во израелски напади

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?