Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Брутален напад во Орешани: Тепале маж до безсознание поради сомнеж за кражба на лубеници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Брутален напад во Орешани: Тепале маж до безсознание поради сомнеж за кражба на лубеници
ХРОНИКА

Брутален напад во Орешани: Тепале маж до безсознание поради сомнеж за кражба на лубеници

Објавено July 26, 2025 10:39
Сподели
Сподели

Двајца мажи на возраст од 39 и 31 година се осомничени за брутален напад врз маж кој, според нив, украл лубеници од нива во селото Орешани. Инцидентот се случил на 24 јули, а Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека против нив е поведена истрага за кривично дело – Насилство по член 386 став 6 во врска со став 3 и 1 од Кривичниот законик.

Според информациите, оштетениот со својот автомобил се движел од Петровец кон Таор, кога бил следен од осомничените со товарно возило. Откако влегол во дворот на куќата на својот внук во Орешани, осомничените го стигнале, насилно го извлекле од возилото и започнале да го удираат со тупаници и шамари.

Вториот осомничен дополнително извадил водоводџиски клешти од камионот и продолжил да го удира додека жртвата не паднала во безсознание. Нападнатиот добил тешки телесни повреди и е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија во Скопје, каде се наоѓа во животозагрозувачка состојба.

Сè се случувало пред очите на внукот на оштетениот, кој бил сведок на настанот. Според Обвинителството, нападот предизвикал чувство на страв и загрозеност кај него и пошироката јавност.

Поради тежината на делото и опасноста од бегство или повторување на насилството, јавниот обвинител побара притвор за двајцата осомничени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Шокираниот Медведев искрши сè по елиминацијата во Вашингтон
Следна Статија Филипче: 26 јули засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж пронајден починат во штала

На 27.12.2024 година во 11:40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Росоман во близина на игралиштето во помошна…

December 29, 2024
ХРОНИКА

Член на Десна разговарал со Палчо на денот кога била убиена Вања на Телеграм, ама комуникацијата веднаш се избришала

Зоран Петковски, поранешен полицаец, член на партијата Десна рече дека на денот кога е убиена Вања разговарал со Палевски во…

February 26, 2025
ХРОНИКА

Наместо во банка,во свој џеб: Благајничка од Куманово за 4 години си присвоила 135.000 евра

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење…

July 3, 2025
ХРОНИКА

Девојче заврши во болница претепано од нејзините татко и брат

Утрово во 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А.(46) и А.А.(21) од…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?