Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Брутален напад во Орешани: Тепале маж до безсознание поради сомнеж за кражба на лубеници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Брутален напад во Орешани: Тепале маж до безсознание поради сомнеж за кражба на лубеници
ХРОНИКА

Брутален напад во Орешани: Тепале маж до безсознание поради сомнеж за кражба на лубеници

Објавено July 26, 2025 10:39
Сподели
Сподели

Двајца мажи на возраст од 39 и 31 година се осомничени за брутален напад врз маж кој, според нив, украл лубеници од нива во селото Орешани. Инцидентот се случил на 24 јули, а Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека против нив е поведена истрага за кривично дело – Насилство по член 386 став 6 во врска со став 3 и 1 од Кривичниот законик.

Според информациите, оштетениот со својот автомобил се движел од Петровец кон Таор, кога бил следен од осомничените со товарно возило. Откако влегол во дворот на куќата на својот внук во Орешани, осомничените го стигнале, насилно го извлекле од возилото и започнале да го удираат со тупаници и шамари.

Вториот осомничен дополнително извадил водоводџиски клешти од камионот и продолжил да го удира додека жртвата не паднала во безсознание. Нападнатиот добил тешки телесни повреди и е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија во Скопје, каде се наоѓа во животозагрозувачка состојба.

Сè се случувало пред очите на внукот на оштетениот, кој бил сведок на настанот. Според Обвинителството, нападот предизвикал чувство на страв и загрозеност кај него и пошироката јавност.

Поради тежината на делото и опасноста од бегство или повторување на насилството, јавниот обвинител побара притвор за двајцата осомничени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Шокираниот Медведев искрши сè по елиминацијата во Вашингтон
Следна Статија Филипче: 26 јули засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанец починал откако бил претепан

На 12.09.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека во 18:00 часот…

September 13, 2025
ХРОНИКА

Над 9000 евра украла благајничка во кавадаречкото комунално претпријатие

Кривична пријава против вработена во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци за „проневера во службата” и „затајување”. Како што информираат…

November 10, 2025
ХРОНИКА

Голем пожар во Карпош 4 – го гасат и со авион (ВИДЕО)

Голем пожар беснее во скопски Карпош 4 во близина на старата зграда на Македонската Телевизија. Според очевидци гори магацин во…

August 21, 2025
ХРОНИКА

Македонка починала на плажата „Свети Стефан“ во Црна Гора

Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско почина на плажата Свети Стефан во Црна Гора откако и се слоши во морето…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?