Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бубевски: Најостро ги демантирам клеветите на адвокатката Кадриу
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бубевски: Најостро ги демантирам клеветите на адвокатката Кадриу
МАКЕДОНИЈА

Бубевски: Најостро ги демантирам клеветите на адвокатката Кадриу

Објавено February 11, 2026 09:49
Сподели
Сподели

Најостро ги демантирам клеветите и измислените наводи изнесени од адвокатката Лејла Кадриу во интервју во емисијата “Вечерното шоу на Богдан Илиевски” на ТВ Алфа, емитувано на 07.02.2026 година, пишува на социјалните мрежи јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Тој вели дека Наводите кои се однесуваат на неговото постапување и на работата на поранешното СЈО се невистинити и креирани со цел да наштетат на неговиот личен и професионалениот углед, за што веднаш по емисијата иницирал постапка со која од Кадриу побарал извинување за јавно изнесените лаги.

„Иако сметав дека изнесените клевети не заслужуваат да им се дава јавно внимание, сфаќам дека нашето општество веројатно не е доволно отпорно на лаги.

Вистината е дека јас никогаш во мојот живот не сум имал 4 мобилни телефони. Додека бев јавен обвинител во СЈО имав еден телефонски број кој го користев за цело време додека бев во тоа обвинителство. По враќањето во ОЈО Скопје исто така користам само еден телефон. Мојот единствен, во моментов приватен телефонски број го знаат сите новинари и многу граѓани, бидејќи вистински верувам во начелото на транспарентност и на тој телефон секогаш сум бил и останувам отворен и достапен за сите прашања.

Ги отфрлам сите наводи за какво било влијание и стојам зад секоја одлука која сум ја донел. Во голем дел од ситуациите кои беа претставени, како што е предавањето на прислушуваните материјали во СЈО, јас лично воопшто не сум бил присутен, за што имам и соодветни докази.

На страна од тоа, записник за тие материјали постои и тој е дел од доказите во предметот Таргет-Тврдина.

Од позиција на поранешна јавна обвинителка за чие оддалечување најпрвин од СЈО, а потоа и од редовното обвинителство, причините се многу добро познати во јавнообвинителската организација, каде и се водени и соодветни постапки за одговорност, Кадриу се обидува да го загрози мојот професионален интегритет и да влијае врз моето извршување на јавнообвинителската функција.

Мотивите за овој и други вакви слични настапи мене ми се јасни, но немам намера во ниту еден момент да им подлегнам на тие лаги и манипулации. Ќе ги искористам сите законски механизми за заштита, како што веќе направив и поднесов тужба и за лагите изнесени од уште еден адвокат – поранешен обвинител кој јавно настапува со истите намери и мотиви.

Очекувам во судска постапка да се докаже вистината наспроти лагите со кои “храбрите” поединци ја манипулираат јавноста подолг временски период, а со тоа да се утврди и нивната кредибилност како извори за информации во медиумите по однос на вистинските состојби во правосудството“ пишува Бубевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мурињо од лето со нов ангажман
Следна Статија МВР со детали за тешката сообраќајна несреќа на влезот во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Први мај, празникот на трудот. -Денес им оддаваме почит на сите…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анита Топалов –Исајловска е в.д Државен јавен обвинител

Републичката јавна обвинителка Анита Топалов –Исајловска е избрана за вршител на должноста на местото на Љупчо Коцевски се додека не…

December 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Во Валандово победа на Камчев од ВМРО-ДПМНЕ

Во Валандово, по 100% обработени избирачки места, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ бележи тесна, но сигурна победа. Кандидатот Ѓоко…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почувствуван земјотрес во Струмица

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата локална магнитуда вечерва бил почувствуван во Струмица, објави Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?