Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарите протестираат против еврото: „Се качуваме на Титаник, ќе станеме уште посиромашни“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бугарите протестираат против еврото: „Се качуваме на Титаник, ќе станеме уште посиромашни“
БАЛКАН

Бугарите протестираат против еврото: „Се качуваме на Титаник, ќе станеме уште посиромашни“

Објавено May 31, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Бугарија се очекува во јуни да добие зелено светло од Брисел за воведување на еврото, но токму оваа јасна перспектива загрижува многу граѓани.

-Доколку Бугарија се приклучи на еврозоната, тоа ќе биде како да се качувате на Титаник, изјави Николај Иванов, пензиониран висок функционер, на неодамнешниот протест на кој се бараше задржување на бугарската валута – левот.

Од јануари, противниците на воведувањето на заедничка европска валута во Бугарија започнаа протести и побараа референдум за ова прашање, среде поплава од дезинформации.

Сеќавања на економската криза од 1996-1997 година, во која 14 банки банкротираа, а хиперинфлацијата скокна до над 300 проценти, исто така, оживеја, а тоа беше потикнато од опозицијата.

Неколку неодамнешни анкети покажаа дека речиси половина од испитаниците наведуваат дека се противат на приклучувањето на Бугарија кон еврозоната.

Дебатата повторно ја разгоре анти-ЕУ пропагандата, а многу од оние што се противеа на усвојувањето на еврото почнаа да мавтаат со руски знамиња.

Бугарија, која се приклучи на Европската унија во 2007 година, е најсиромашната земја во Унијата.

А „сиромашните се плашат дека ќе станат уште посиромашни“, изјави Боријана Димитрова, директорка на Институтот за истражување „Алфа“.

Ова, заедно со недовербата во институциите по години нестабилност, создаде плодна почва за населението од 6,4 милиони да се плаши од економски промени.

Овој страв беше поттикнат и од некои политички групи, вклучувајќи ја и крајнодесничарската партија „Препород“, која за денеска повика на нов митинг против еврото во главниот град.

На почетокот на мај, прорускиот претседател на земјата, Румен Радев, даде изненадувачка изјава, повикувајќи на референдум за ова прашање.

Оваа недела тој ја обвини владата дека не ги спроведува потребните мерки за да им овозможи на „најранливите“ да го издржат шокот од усвојувањето на еврото.

Според податоците на Евростат, една третина од Бугарите во текот на минатата година се соочиле со закана од сиромаштија или социјална исклученост.

Дезинформациите што се широко распространети на социјалните медиуми лажно тврдат дека со воведувањето на еврото, „Брисел ќе ги конфискува вашите заштеди за да ја финансира Украина“.

Во меѓувреме, проевропските гласови се борат да бидат слушнати.

„Во Софија и поголемите градови, населението – побогато, пообразовано и помладо – го гледа тоа како логичен следен чекор во процесот на европска интеграција“, рече Димитрова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ОЈО: Арсовска мора да пријави ако има сознанија за кривично дело и да посочи на кои локации во Чаир се сомнева за незаконитости
Следна Статија Падна кран во Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Објавени фотографии од 13-годишното момче убиено во масакрот во Цетиње: „Кој сега ќе ме насмее…“

Една од 12-те жртви на Ацо Мартиновиќ кој вчера го изврши масакрот во Цетиње е 13-годишното момче М.В.. Пријателите на…

January 2, 2025
БАЛКАН

Психијатарот ја разби одбраната на Урош Блажиќ дека суплементите „му го поматиле умот“ и затоа убивал

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и…

October 28, 2024
БАЛКАН

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите за пристапување

Денеска, на Меѓувладината конференција за пристапување во Брисел, Албанија ги отвори преговорите во Група 3, Конкурентност и инклузивен раст, која…

May 23, 2025
БАЛКАН

Пратениците во бугарското Собрание се плукаат (ВИДЕО)

Пратеникот Јордан Цонев од МРФ-НН, го плукна пратеникот од Преродба, Ивајо Чорбов. Реагираа пратениците од ГЕРБ кои успеаја да ги…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?