Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугари украле македонски носии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Бугари украле македонски носии
ХРОНИКА

Бугари украле македонски носии

Објавено December 10, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Во Демир Хисар вчера напладне се уапсени тројца државјани на Бугарија под сомнение за кражба и нелегално изнесување на предмети од македонското културно наследство.

Околу 11:50 часот на улицата „Вељко Влаховиќ“, полициски службеници од ОВР Демир Хисар привеле А.К. (44), К.К. (48) и В.Г. (50). Првите двајца биле во патнички „фолксваген голф“ со бугарски регистарски ознаки, додека третиот управувал комбе „пежо боксер“, исто така со бугарски таблици.

При прегледот на возилата пронајдена е поголема количина делови од традиционални македонски народни носии – везени елеци, појаси, накит и други елементи. Осомничените не можеле да обезбедат никаков доказ за потеклото на предметите.

Етнолог од Народниот музеј во Битола извршил стручна проценка и категорично утврдил дека станува збор за оригинални делови од македонски народни носии од XIX и почетокот на XX век, кои спаѓаат во категоријата културно наследство со посебен режим на заштита. Таквите предмети се забранети за промет и изнесување во странство без дозвола од Министерството за култура.

Тројцата Бугари се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот и во координација со јавниот обвинител, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за „кражба“ и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 262 и член 267 од Кривичниот законик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спасовски ги отфрла наводите за пријавата: Класичен обид за политички прогон и дефокус!
Следна Статија Познато кој ќе пее на плоштад во Скопје за дочек на Нова година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Дедо доби кривична – мачел животни

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, поднесе кривична пријава против К.Д.(78) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение…

October 28, 2024
ХРОНИКА

Kривична пријава против градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари – го оштетил буџетот за скоро 4 милиони денари

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело…

May 26, 2025
ХРОНИКА

Трагичен крај на потрагата – Лидија пронајдена мртва

24инфо.мк пренесе дека жената која пред неколку денови беше пронајдена во водите на реката Вардар кај Зелениково е всушност Лидија од…

January 15, 2025
ХРОНИКА

Полицијата го уапси 32-годишникот од Виница кој се обиде да изврши убиство со нож пред четири дена

Полициски службеници од СВР Штип/ОВР Виница по претходно обезбедени оперативни сознанија, вчеравечер (11.08.2025) во 21:15 часот во Кочани го лишија…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?