Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугари украле македонски носии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Бугари украле македонски носии
ХРОНИКА

Бугари украле македонски носии

Објавено December 10, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Во Демир Хисар вчера напладне се уапсени тројца државјани на Бугарија под сомнение за кражба и нелегално изнесување на предмети од македонското културно наследство.

Околу 11:50 часот на улицата „Вељко Влаховиќ“, полициски службеници од ОВР Демир Хисар привеле А.К. (44), К.К. (48) и В.Г. (50). Првите двајца биле во патнички „фолксваген голф“ со бугарски регистарски ознаки, додека третиот управувал комбе „пежо боксер“, исто така со бугарски таблици.

При прегледот на возилата пронајдена е поголема количина делови од традиционални македонски народни носии – везени елеци, појаси, накит и други елементи. Осомничените не можеле да обезбедат никаков доказ за потеклото на предметите.

Етнолог од Народниот музеј во Битола извршил стручна проценка и категорично утврдил дека станува збор за оригинални делови од македонски народни носии од XIX и почетокот на XX век, кои спаѓаат во категоријата културно наследство со посебен режим на заштита. Таквите предмети се забранети за промет и изнесување во странство без дозвола од Министерството за култура.

Тројцата Бугари се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот и во координација со јавниот обвинител, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за „кражба“ и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 262 и член 267 од Кривичниот законик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спасовски ги отфрла наводите за пријавата: Класичен обид за политички прогон и дефокус!
Следна Статија Познато кој ќе пее на плоштад во Скопје за дочек на Нова година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Загина 20-годишен мотоциклист од кумановско

Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско починал, откако удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе, соопшти…

June 4, 2025
ХРОНИКА

Пожар зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово

Пожар доцна вечерва избувнал во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Градоначалникот на општината Звонко Пекевски во изјава за ТВ21 вели…

October 27, 2024
ХРОНИКА

По објавената снимнка: Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство

Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако денеска на социјалните мрежи…

July 13, 2026
ХРОНИКА

Детали за ужасната сообраќајна несреќа на патот Ресен-Битола

На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“,…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?