Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарскиот парламент едногласно ја прифати оставката на владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бугарскиот парламент едногласно ја прифати оставката на владата
БАЛКАН

Бугарскиот парламент едногласно ја прифати оставката на владата

Објавено December 12, 2025 14:13
Сподели
Сподели

Парламентот на Бугарија со 227 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ денеска ја прифати оставката на владата на Росен Жељазков.

Тој вчера на итна конференција во Парламентот изјави дека владата поднесува оставка.

Оставката е дадена пред гласањето за недоверба на владата поднесена минатиот петок од партијата Промените продолжуваат – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) и поддржано со потписите на пратениците од Алијанса за права и слободи (АПС) и Морал, единство, чест (МЕЧ).

– Коалицијата ја разгледа ситуацијата. Не се сомневаме дека владата ќе добие поддршка на претстојното гласање за недоверба. Без оглед на тоа, одлуките на Народното собрание се важни кога ја одразуваат волјата на народот. Нашата желба е да бидеме на нивото што го очекува општеството. Моќта доаѓа од суверенот и гласот на народот. И младите и старите го кренаа својот глас за оставка. Оваа граѓанска енергија мора да се поддржи и охрабри, истакна вчера Жељазков.

Оставката следеше по големите протести, предизвикани од контроверзните буџетски планови на владата. Бугарската Влада на крајот на ноември го повлече нацрт-буџетот, што веќе беше доставен до Парламентот, по масовните протести на партиите и синдикатите ширум земјата и предупредувањето од Европската комисија дека нацрт-буџетот не е во согласност со буџетските правила на ЕУ.

Протестите ескалираа во општо незадоволство поради корупција, неправда и неуспех во многу сектори од работата на владата.

Жељазков беше избран за премиер на 16 јануари со 125 гласа „за“, 114 „против“ и без „воздржани“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од Федералните резерви
Следна Статија Федералните резерви ја намалија каматната стапка, но иднината е неизвесна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Курти повторно премиер на Косово

Собранието на Косово ја избра новата влада предводена од Албин Курти, со што тој по третпат стапува на функцијата премиер.…

February 12, 2026
БАЛКАН

Во Грција повеќе од 10.000 ученици се суспендирани поради користење на мобилни телефони за време на часовите

Во Грција од почетокот на учебната година во септември до денеска суспендирани се вкупно 10.700 ученици поради прекршување на забраната…

November 30, 2024
БАЛКАН

Гром удри на фудбалски натпревар во Србија: Двајца фудбалери повредени, еден во тешка состојба

Стравична сцена се одиграла за време на фудбалски натпревар во Србија, кога гром удрил во близина на теренот, при што…

August 4, 2025
БАЛКАН

ЕУ: Пресудата на Додик е обврзувачка, сите страни треба да ја почитуваат

Европската Унија денеска соопшти дека конечната пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, мора да се почитува и ги…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?