Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бугарските служби преку нивни медиуми водат хајка против Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бугарските служби преку нивни медиуми водат хајка против Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Бугарските служби преку нивни медиуми водат хајка против Мицкоски

Објавено July 18, 2025 17:42
Сподели
Сподели

Oткако премиерот Христијан Мицкоски ја извади на чистина вистинската намера на бугарските власти со носењето на срамната резолуција на Европскиот парламент во која во финалната верзија исчезнаа термините македонски јазик и идентитет, од исток доаѓа нов напад. Бугарскиот медиум „Лупа.бг“ објави текст во кои тврдат дека Мицкоски во 2008 година аплицирал за добивање на бугарски пасош.

Meдиумот тврди дека премиерот изразил желба за добивање на бугарски пасош пред тогашниот конзул Венцислав Цветанов.

Дипломатскиот пораз што бугарските власти го доживеаја откако претходно термините македонски јазик и идентитет се најдоа во извештајот на комисијата на ЕП наречена АФЕТ, резулутира со афера поврзана со Мицкоски за која е јасно дека е дело на бугарски служби кои преку нивни портали сакаат да ја девалираат улогата на македонскиот премиер во борбата за зачувување на македонските национални интереси.

Реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј лидер е Христијан Мицкоски.

Информациите дека наводно Христијан Мицкоски барал бугарски пасош се производ на бугарската пропаганда против Македонија и нејзините платени слуги во самата држава. Ваквите удари и лаги се резултат на едноставната вистина – единствената и најсилна пречка за негирачките барања на Бугарија кон Македонија се ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Сликата е кристално јасна: од една страна е Венко Филипче, кој без никакви гаранции за македонскиот идентитет и јазик, се залага Бугарите да бидат внесени во Уставот; од друга страна е Христијан Мицкоски, кој ги стопира максималистичките барања и го брани националниот идентитет и македонскиот јазик.

Затоа бугарската пропагандна машинерија со сите сили ги активира своите инсталации и соработници во обид да нанесат штета на македонските позиции.

Јавноста треба со голема претпазливост да ги прима сите информации што ги пласираат овие структури во медиумите – велат од партијата.

Дека е ова е масло на бугарските служби покажува и молкот на властите во Софија откако вчера премиерот Мицкоски побара двете земји да поднесат Резолуција со која ќе се признае посебноста на македонскиот јазик и идентитет.

Интересно е што информацијата ја објави Лупа.бг, медиум кој самиот се декларира за „умерено жолт медиум“, што значи дека не се фокусирани исклучиво на сериозно новинарство. Тоа е наведено и во самиот импресум на порталот.

ChatGPT пак вели дека Lupa.bg не се смета за особено релевантен и доверлив медиум, особено кога станува збор за сериозни, проверени информации. Иако има голема посетеност и е популарен во Бугарија, порталот често објавува сензационалистички („жолти“) содржини со наслов што привлекува внимание, но не секогаш нуди длабоко проверени факти.

Доверба: Во јавноста (и бугарската и пошироко), нема репутација како сериозен или независен медиум. Не се спомнува меѓу најдоверливите извори.

Критичност: Корисници на форуми и социјални мрежи често го критикуваат порталот дека пренесува непроверени информации или дека има политичка пристрасност.

Препорака: Ако гледаш некоја вест на Lupa.bg: Провери дали истата е објавена и на други, поверодостојни портали (на пример: BTV, Dnevnik.bg, Nova.bg – кога станува збор за Бугарија).

Внимавај на насловите – ако изгледаат премногу драматично, веројатно е да се работи за кликбејт.

Заклучок: Lupa.bg може да се користи за добивање првични информации, но не треба да се смета за доверлив извор сам по себе. Ако ти е важна точноста и објективноста, секогаш спореди ја информацијата со други извори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доаѓа пекол време: Министерството за здравство ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите препораки
Следна Статија Ова се противниците на РК Вардар во Лигата на Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

Во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител, гостуваше Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни работи и поранешен…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд денеска носи одлука за „балансерот“

Уставниот суд денеска на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди

Европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди, со нови барања и услови коишто не им биле поставени…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗОО Скопје: Ламата која угина боледуваше од туберкулоза, за неа нема лек и не постои вакцина

Скопската Зоолошка градина информира дека една лама, и покрај сите напори за лекување и терапија во соработка со Факултетот за…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?