Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Будни сте до доцна: Недостатокот на сон е активатор на бројни хронични болести
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Будни сте до доцна: Недостатокот на сон е активатор на бројни хронични болести
ЗДРАВЈЕ

Будни сте до доцна: Недостатокот на сон е активатор на бројни хронични болести

Објавено August 17, 2025 18:37
Сподели
Сподели

Сонот го зајакнува имунолошкиот систем, но денес повеќе од една третина од возрасните лица не успеваат да ги отспијат препорачаните седум или осум часа ноќе.

Ако сте изложени на вируси и не сте наспани, поголема е веројатноста да се разболите, предупредуваат лекарите. Недостатокот на сон може да биде „активатор“ и за бројни хронични здравствени проблеми, како дијабетес и срцеви заболувања, но и да го зголеми ризикот од деменција.

Сонот е како полнење на батериите на уредите и е неопходен за да се одбраните од грипот. Најважна е фазата на длабок сон, која настапува 35 до 45 минути по заспивањето, бидејќи тогаш имунолошкиот систем се зајакнува“, објаснува д-р Крис Братнер, додавајќи дека денес повеќе од една третина од возрасните не успеваат да спијат препорачани седум или осум часа ноќе.

Кога имаме некаква инфекција или се развива воспалителен процес во организмот, имунолошкиот систем ослободува одреден вид протеини, цитокини, а кога сме неиспани, нивната продукција се намалува, па и имунитетот ослабува.

Колку часа сон се препорачуваат?

Деца на возраст од 6 до 13 години треба да спијат од 9 до 11 часа.

Тинејџери: 8 до 10 часа.

Возрасни лица над 18 години: 7 до 9 часа ноќе.

Кога ве мачи несоница

Ако ве мачи несоница, понекогаш е доволно да се променат животните навики – да имате редовен ритам на будење и одење на спиење, да воведете физичка активност во текот на денот, да избегнувате внес на кофеин и алкохол непосредно пред спиење или да ги совладате техниките за релаксација.

Билки кои можат да ве опуштат и да ви помогнат полесно да заспиете се: валеријана, лаванда, камилица и мајчина душица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тачи: Преговорите со Али Ахмети пропаднаа
Следна Статија Хамас го отфрла планот на Израел за преселувања во Газа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Итната помош имала 13 интервенции во Трубарево, а една жена е пренесена на Токсикологија

Екипите на Итната медицинска помош во текот на ноќта извршиле 13 интервенции во реонот на скопското село Трубарево, а едно…

September 15, 2025

Нестле повлекува одредени производи на млечна формула поради загриженост за токсини

Компанијата презема мерки за безбедност на производите за бебиња со превентивно повлекување на одредени артикли

January 7, 2026
ЗДРАВЈЕ

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари ја информира јавноста дека завршил во болница откако колабирал. Во пораката на социјалните мрежи не…

November 27, 2024
ЗДРАВЈЕ

Вонредна е состојбата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени

Вонредна е состојбата во Општата болница со проширена дејност во Кочани по враќањето на поголемиот број повредени од болниците во…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?