Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бунт во Германија поради новите правила за работниците од Балканот – „Изненадувачки и штетно“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Бунт во Германија поради новите правила за работниците од Балканот – „Изненадувачки и штетно“
Blog

Бунт во Германија поради новите правила за работниците од Балканот – „Изненадувачки и штетно“

Објавено April 19, 2025 14:09
Сподели
Сподели

Идната германска влада има големи планови за обнова на инфраструктурата, за што ќе ѝ бидат потребни многу градежници. Но, истовремено ја ограничува имиграцијата од Западен Балкан. Градежните здруженија веќе негодуваат.

Идната германска влада на демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) планира во наредните години да инвестира 500 милијарди евра во реконструкција на дотраената инфраструктура: железници, патишта и мостови. Истовремено, владата има намера да се фокусира на уште еден горлив проблем, а е недостигот станови во Германија, пишува Дојче Веле.

Но, за остварување на тие планови освен пари ќе ѝ бидат потребни и многу работници – квалификувани и неквалификувани. Токму во овој сектор правилото за Западен Балкан, кое беше воведено во 2016 година, ги покривало потребите на германскиот пазар на труд во последните години, бидејќи за разлика од другите програми за имиграција на работна сила, правилото за Западен Балкан не подразбира квалификација, туку само договор за вработување со германски работодавец. Ова ѝ овозможи на градежната индустрија да вработува неквалификувани работници кои исто така се дефицитарни на германскиот пазар на труд.

Погрешна и штетна одлука

Минатата година, социјалдемократско-зелено-либералната влада, во екот на имиграциската либерализација, ја зголемила годишната квота во рамки на правилото за Западен Балкан од 25.000 на 50.000 работни дозволи годишно. Но, новата влада, во својот коалициски договор од минатата недела, повторно ја намали таа квота на 25.000 дозволи годишно. Сега многу работодавци се прашуваат која е причината за ова.

„Правилото за Западен Балкан се покажа како испробан инструмент за наоѓање работна сила без прекумерна бирократија, што инаку е ретко кога станува збор за имиграцијата“, изјавил за весникот „Штутгарт цајтунг“ заменик директорот на Германската индустриска и трговска комора Ахим Деркс. Затоа, според него, одлуката на идната влада повторно да ја преполови квотата за Западен Балкан е погрешна.

Тим-Оливер Милер, директор на Централната асоцијација на германската градежна индустрија, има слично мислење. Тој за „Штутгартер цајтунг“ рекол и дека намалувањето на годишната квота особено ќе влијае на градежната индустрија. „Значаен дел од странските работници на германските градилишта доаѓаат од некои од земјите на поранешна Југославија. Сегашната одлука за намалување на тој контингент е изненадувачка и штетна, особено ако се земат предвид планираните инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат побарувачката за работна сила“, потенцирал Милер.

Зошто да се намалат квотите?

Намалувањето на квотите нема да влијае само на големите инфраструктурни проекти, туку и на станбената изградба, смета Аксел Гедашко, директор на асоцијацијата за изградба на станови (GdW). „Ако приливот на работници од Западен Балкан се преполови, тоа може да го влоши недостигот на работна сила на градилиштата“, рекол тој.

Ниту Јан Даненбринг, од Централното здружение на германски занаетчии (ЗДХ), не ги разбира причините за намалување на квотите. „Федералната влада неодамна ја удвои таа квота, а сега повторно ја враќа, иако околностите не се променети во споредба со минатата година“, изјавил Даненбринг, исто така за Штутгартер цајтунг. И заклучил: „Ако сакаме да промениме нешто во делот на станбената изградба, ќе нѝ биде потребен секој еден човек“.

Негативни коментари и недоволно разбирање за одлуката на идната влада за правилото за Западен Балкан доаѓаат и од редот на експертите за пазарот на труд. Херберт Брикер од Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ) смета дека потегот на владата „испраќа погрешен сигнал“. Тој посочил дека правилото за Западен Балкан досега се покажало како успешен механизам. „Од 95 до 98 отсто од оние кои пристигнале во Германија како дел од тоа правило во годината по пристигнувањето биле вработени и редовно плаќале придонеси“, заклучил Брикер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јагнешкото годинава луксуз – колку чини празничната трпеза овој Велигден?
Следна Статија Почина музичкиот автор и продуцент Тоше Поп-Симонов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Листа на најбогатите луѓе во регионот за 2024 година: 8 македонски бизнисмени во топ 100

Високата инфлација, проблемите со снабдувањето со енергија (малку помалку) и војните во Украина и на Блискиот Исток (малку повеќе) продолжуваат…

December 29, 2024
Blog

Од PayPal до SpaceX: Како Илон Маск ја изгради својата империја

Продажбата на PayPal на eBay во 2002 година за 1,5 милијарди долари означи пресврт во кариерата на Илон Маск –…

January 7, 2025
Blog

САД 5-1 Уругвај: Впечатлив триумф во пријателски натпревар

Стручен преглед и анализа на пријателскиот натпревар помеѓу САД и Уругвај од 18 ноември 2025 година

November 20, 2025
Blog

По повод партнерството на A1 како генерален спонзор на фестивалот Охридско лето 2025

Интервју: Бранкица Толевска, раководител на Оддел за корпоративна стратегија, бизнис трансформација и корпоративни комуникации во А1 Македонија A1 и Охридско…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?