Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бујар Османи му честиташе победа на Меџити во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Бујар Османи му честиташе победа на Меџити во Чаир
ПОЛИТИКА

Бујар Османи му честиташе победа на Меџити во Чаир

Објавено October 19, 2025 23:26
Сподели
Сподели

Кандидатот на коалицијата НАИ за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи се огласи на својот фејсбук профил. Како што вели, најпрво сака да го изрази неговото задоволство од изборниот ден.

„Оценувам дека имавме успешен изборен ден, без поголеми забелешки, и верувам дека тоа е важно да се потенцира. Сакам да изразам благодарност до сите соработници за време на целата кампања: активистите, партиските другари и коалиционите партнери, поддржувачите, форумот на жени и младинскиот форум. Навистина беше чест да се работи со посветеност и жртва, во процес во кој се создаде убава визија за Чаир, но и многу нови пријателства. Сепак, во политиката, последниот збор им припаѓа на граѓаните. Доволно долго сум во политиката за да ги препознаам и почитувам пораките што ги испраќаат граѓаните. Иако кампањата не беше ниту фер ниту целосно законита во сите аспекти, не сакам да се жалам, затоа што верувам дека чесноста и вредностите имаат значење само ако ги задржиш и во вакви ситуации.

Им честитам на мојот противкандидат и на целиот коалиционен тим што стоеше зад него — тие се победниците на изборите во Чаир и им посакувам успех во управувањето со општината во следните четири години.

На крај, сакам да им се заблагодарам на моето семејство — тие ја понесоа најголемата тежина од моето политичко ангажирање, но од нив ја добивав и најсилната поддршка“, напиша Османи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Овој резултат не е тој што го посакувавме, но не е лош со оглед на околностите
Следна Статија Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, зад него е Амар Мециновиќ од Левица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска ја посети Зоолошката градина и ја претстави својата визија за нејзина…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците попладнево преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од владината коалиција што…

May 23, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина во Кривогаштани истакна дека СДСМ секогаш стоела на страната на граѓаните, додека…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

По кој параметар Албанија е поподготвена од нас, праша Мицкоски

Што треба да направат некои други држави затоа што нивните сонародници во трети земји напредуваат заедно со тие трети држави.…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?