Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вака изгледа тротоарот на кој од 22-годишник без возачка ѝ беше одземен животот на Александра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вака изгледа тротоарот на кој од 22-годишник без возачка ѝ беше одземен животот на Александра
ХРОНИКА

Вака изгледа тротоарот на кој од 22-годишник без возачка ѝ беше одземен животот на Александра

Објавено June 21, 2025 10:01
Сподели
Сподели

Локалниот портал „Охрид1“ објави фотографии од местото на кое загина пешакот Александра Божиновска.

 Основното јавно обвинителство Охрид вчера донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик, во врска со сообраќајната несреќа на булеварот „Туристичка” во која едно лице го загуби животот, а уште едно беше тешко повредено. Предложен е и притвор за двајцата осомничени, соопшти вечерва Јавното обвинителство.

Првиот осомничен го извршил делото со директно загрозување на безбедноста во сообраќајот, односно во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал автомобил Фолксваген голф без да поседува возачка дозвола и со брзина неприспособена на својствата и состојбите на патот. Поради тоа, информира Обвинителството, 21-годишникот изгубил контрола над возилото, навлегол на кружниот тек преминувајќи преку средишниот остров, возел надвор од коловозот и удрил во метален столб – канделабра на тротоарот. Потоа продолжил да се движи по тротоарот каде налетал на двајца пешаци и конечно удрил во бетонска ограда. Во несреќата била повредена пешакот Александра Божиноска која починала на лице место, додека кај другиот пешак биле предизвикани тешки телесни повреди.

Истрага е поведена и за сопатникот во автомобилот Фолксваген голф, 18-годишен сопственик на автомобилот. Тој делото го сторил загрозувајќи ја безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство, односно во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик.

Иако бил свесен дека поради неговото постапување може да настапи штетна последица, односно дека неговиот другар не поседува возачка дозвола и може тешко да ја загрози безбедноста на сообраќајот и да го доведе во опасност животот на луѓето, вториот осомничен му го дал возилото во негова сопственост да го управува. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител предложи мерка притвор за двајцата осомничени, се вели во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
Следна Статија Филков: Нема веќе „не знаев“ и „немав ингеренции“, Законот за Судскиот совет е во завршна фаза

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетник пријавен за исчезнат

„Денеска (09.03.) во 04.40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.Н.(58) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавил дека неговиот…

March 9, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец пронајден починат во својот дом

На 24.09.2025 во 18:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Oбвинителството ќе изведува материјални докази за “Пулс“

Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската…

April 28, 2026
ХРОНИКА

Еуроњуз: Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Euronews денеска пишува дека најпогодена…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?