Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вака Охрид ја освои Атина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Вака Охрид ја освои Атина
СПОРТ

Вака Охрид ја освои Атина

Објавено March 30, 2026 09:08
Сподели
Сподели

Задоволство од победата, но и одличната игра, изразија тренерот ГРК Охрид Борис Ројевиќ, капитенот Гоце Ојлески и голманот Кристијан Пилиповиќ за МИА веднаш по завршувањето на првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп во Атина, но сепак посочија дека ништо не е завршено и потребна е добра игра и на реваншот за шест дена на домашен терен.

Ракометарите на Охрид со предност од пет разлика си заминуваат од Атина, откако со 31-26 го совладаа домаќинот Олимпијакос, кој на натпреварот имаше играч плус – нивните навивачи кои 60 минути без прекин во еден глас ги бодреа „црвено-белите“.

– Сигурно сум задоволен, Олимпијакос има сјаен тим, како што реков и вчера, можеби е нивниот најдобар тим во последните десет години. Да се победи на ваков „жежок“ терен со пет разлика е навистина добро, меѓутоа не е готово. Сега ќе бидеме под притисок и на домашен терен и поради резултатот, така што треба да се „спуштиме на земја“ да се подготвиме за добар натпревар и вака да одиграме и дома, рече Ројевиќ во разговор со дописничката на МИА од Атина.

Со оглед на тоа што Охрид во текот на целиот натпревар ја задржа предноста, тренерот вели дека тоа не го очекувале, но сепак нагласи дека „секогаш верува во победа“ и дека никој не е непобедлив, но и дека има тим од „сјајни момци“.

– Честитки за мојата екипа и моите момци. Навистина одигравме одличен натпревар. Сите го дадовме својот максимум и мислам дека денеска заслужено победивме, меѓутоа морам да кажам дека сè уште ништо не е завршено и не е готово. Имаме реванш во Охрид за шест дена и мора иста игра да пружиме и таму ако сакаме да се пласираме во полуфиналето, посочи за МИА капитенот Ојлески.

Голманот Кристијан Пилиповиќ имаше 16 одбрани, бројка која ни самиот не ја знаеше веднаш по натпреварот и како што низ смеа рече ќе треба да се провери статистиката.

– Многу сум горд како влеговме во овој двомеч. Олимпијакос е многу многу сериозна екипа, влеговме без респект, верувавме во нас и тоа го покажавме. Но не е ништо завршено. Имаме уште 60 минути се може да се случи, но потребни ни се навивачи во сала и да одиме во полуфинале, истакна Пилиповиќ.

По заслужената победа сред Атина, следеше славење во соблекувалната.

Натпреварот во спортската сала „Јанис Котакис“ во атинската населба Илиуполи, која не беше целосно исполнета, помина без никакви проблеми, групата од околу 100 навивачи на Олимпијакос генерално фер и спортски го бодреа нивниот тим, иако одвреме навреме не изостанаа и исвиркувања до гостите од Охрид, особено кога имаа напад или седмерец.

На натпреварот во Атина немаше македонски навивачи, исто како што на натпреварот во Охрид нема да има навивачи на грчкиот клуб, со оглед на тоа што двете екипи се договорија да не вршат продажба на билети на гостински навивачи.

Реванш натпреварот во Охрид ќе се одигра следната сабота на 4 април во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Десет нула: Убедлива победа на партијата на Вучиќ на локалните избори во Србија
Следна Статија Ни Башановиќ не може да го спаси СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Еурофарм Пелистер без рецепт за победа против ГОГ Гудме

Ракометарите на E.Пелистер го претрпеа вториот пораз во Лигата на шампионите, откако пред својата публика во салата „Боро Чурлевски“ загубија…

September 25, 2025
СПОРТ

49ers играч Кеион Вајт се подложи на операција по престрелување во глуждот

Одбранбениот линиски играч на 49ers, Кеион Вајт, беше подложен на операција по престрелувањето во неговиот глужд во Сан Франциско неколку…

February 11, 2026
СПОРТ

БЈУ ќе се натпреварува со Тексас Тек за титулата во Big 12

Кугарите веќе го обезбедија своето место во големото финале по победата на Аризона минатата ноќ

November 30, 2025
СПОРТ

Пандев: Честито Масар Омерагиќ– пред нас е многу работа!

Уште пред неколку месеци Горан Пандев во интервју за “СпортСпорт” ги најави промените во ФФМ и јавно кажа дека е…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?