Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вардар вечерва го почнува патот кон Лигата на шампионите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Вардар вечерва го почнува патот кон Лигата на шампионите
СПОРТ

Вардар вечерва го почнува патот кон Лигата на шампионите

Објавено July 7, 2026 08:32
Сподели
Сподели

Македонскиот фудбалски првак Вардар го започнува својот настап во европските натпреварувања за сезоната 2026/27. На домашен терен „црвено-црните“ се домаќини на финскиот КуПС во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Во пресрет на дуелот, капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, истакна дека тимот е подготвен за предизвикот и дека враќањето во најелитното европско клупско натпреварување претставува дополнителна мотивација за сите во клубот.

–  Максимално сме подготвени за дуелот. За Вардар е посебен мотив што по девет години повторно ќе настапува во Лигата на шампионите. Ќе одиме чекор по чекор. Најважно е да одиграме квалитетен прв натпревар, а потоа ќе се насочиме кон реваншот“, изјави Омерагиќ.

Новиот тренер на Вардар Кристијан Фабијани потенцираше во најавата на дуелот дека треба да се одигра квалитетно на двата натпревара односно фудбалерите да бидат на ниво 180 минути.

Натпреварот меѓу Вардар и Купс се игра вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 19 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерот Мисајловски на Самитот на НАТО во Анкара
Следна Статија Новиот Ауди Q7 eлеганција за 88.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Салата во Градски парк официјално преименувана во „Лазар Лечиќ“

Советниците во општина Центар на денешната седница ја усвоија иницијативата на градоначалникот Горан Герасимовски, салата во Градскиот парк да го…

March 13, 2026
СПОРТ

(Видео) Миовски со два гола и асистенција го сруши Еспањол

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски блесна во малото каталонско дерби. Во победата на Еспањол од 4-1, Миовсски учествуваше со една асистенција…

November 23, 2024
СПОРТ

Младите македонски кошаркари подобри од Германија во Баскет 3х3

Во рамките на третиот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, младите кошаркари и ја донесоа…

July 24, 2025
СПОРТ

Четирите неверојатни одбрани на Столе против Белгија (ВИДЕО)

Македонскиот голман Столе Димитриевски  вчера ја имаше една од најдобрите партии во репрезентативниот дрес. Беше на висината на задачата во…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?