Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вардар се најде на еден бод до шампионска титула
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Вардар се најде на еден бод до шампионска титула
СПОРТ

Вардар се најде на еден бод до шампионска титула

Објавено May 9, 2026 19:39
Сподели
Сподели

Уште еден бод му е потребен на Вардар за математички да ја обезбеди титулата во ПМФЛ. „Црвено-црните“ денеска на свој терен го совладаа Силекс со 2-1, но шампионската промоција ја одложи победата на Шкендија над Струга ТЛ.

Вардар сосема заслужено дојде до триумф на овој натпревар. Водеше 2-0, потоа Силекс намали на 2-1, а потоа избраниците на Гоце Седлоски имаа уште неколку добри шанси, меѓутоа лесно можеше да се случи и кратовци со еден бод да си заминат од Скопје.

Лидерот на табелата брзо поведе, на почетокот на третата минута. Цветковиќ со долга топка го проигра Закариќ, овој проби од десната страна, ја упати топката во петерецот, каде што Цветковиќ успеа да погоди во мрежата на Џеков.

Вардар дојде до предност од 2-0 во 17. минута со гол од пенал. Бутуровиќ стартуваше над Омерагиќ, со што беше досуден удар од белата точка, кој сигурно го реализираше Закариќ.

Следуваше „будење“ на Силекс и три шанси, меѓутоа промена на резултатот до паузата немаше.

Но, Силекс во 53. минута успеа да намали. По изведен корнер, топката ги прелета сите и стигна до Бутуровиќ. Стоперот на Силекс имаше време да се намести, и да ја смести во горниот агол од голот на немоќниот Талески.

Во 55. минута Силекс можеше да ги „шокира“ вардарци, но Мирчевски не реализираше одлична шанса, односно Талески одлично му го одбрани ударот.

Следуваа минути на Вардар во кои имаа шанси да дојдат до трет гол. Во 61. Спахиу од одлична позиција ја погоди мрежата само од надворешната страна. Потоа Закариќ се најде во прилика, неговиот удар го одбрани Џеков. Голманот на Силекс направи голема грешка во 84. минута кога му ја „подари“ топката на Николов, а овој се обиде со лоб, но само крај голот.

Вардар сега на следниот меч со Струга ТЛ на гостински терен ќе му треба само еден бод за официјално да стане нов шампион.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред
Следна Статија (ВИДЕО) Д-р Трајковска: Еден донор на органи може да спаси и до осум животи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Селтикс триумфираат над Клиперс со импресивна победа од 146-115

Извонреден настап на Селтикс кој покажа доминација и врвен кошаркарски квалитет против Клиперс

January 5, 2026
СПОРТ

НБА: Прв „брејк“ на Сан Антонио

Сан Антонио ноќеска ја победи Оклахома Сити во првиот натпревар од полуфиналето на плејофот на НБА со 122:115. Натпреварот се…

May 19, 2026
СПОРТ

Фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров им подлегна на повредите добиени од пожарот во Кочани

Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените за жал во болницата во Штип го загубил животот.…

March 16, 2025
СПОРТ

Комесарот на Биг 12 ја критикува Notre Dame во врска со играта и конференциските тензии

Спортски конфликт меѓу високи раководители во американскиот универзитетски спорт

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?