Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија
СПОРТ

Вардар шести пат во историјата го освои Купот на Македонија

Објавено May 22, 2025 08:17
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Вардар го освоија Купот на Македонија за сезоната 2024/25. Црвено-црните во финалето славеа со 2:0 над Струга ТЛ. Вардар го освои шестиот Куп во клупската историја, прв по пауза од 18 години.

Вардар до триумфот го предводеше младиот напаѓач Талевски. Ги постигна двата гола во 26. и 48.минута од натпреварот.

Струга имаше свои шанси во ова финале, но не искористи ниту една. Најдобрите не ги искористија Укпа, Радески и Кривањева кога резултатот беше 0:0. Откако Талевски го постигна првиот гол, Доминго ја погоди стативата.

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски го освои првиот трофеј во Купот, додека неговиот колега Илчо Ѓорѓиоски не успеа да дојде до трофејот во Купот и во своето второ финале.

Вардар со оваа победа избори пласман во квалификациите во Конференциската лига.

По мечот стратегот Гоце Седловски беше презадоволен.

„Сакам да им честитам на играчите на Вардар и на Струга. Сосема заслужено победивме, она кое го барав од сите, беше исполнето на теренот. Оваа екипа заслужува повеќе, знаете колку победи имаме оваа полусезона. Вакви фраери, им честитам. Знаете сами каде беше Вардар пред шест месеци, а каде е сега. Купот е заслужен. Верувам дека оваа екипа ќе се надградува и со неколку засилувања ќе дојдеме поинаку“, изјави Седлоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Следна Статија (Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон, убиецот е уапсен, извикувал „слобода за Палестина“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Јовиќ го чекаа во Овиедо тој се сели во Атина

Лука Јовиќ (27) го напушти Милан откако му истече договорот и по долго размислување реши каде ќе ја продолжи кариерата.…

August 4, 2025
СПОРТ

Савичевиќ пред мечот во среда: Moето срце е црвено-црно

Дејан Савичевиќ е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Црвена звезда и Милан. Овие екипи во среда од 21…

December 9, 2024
СПОРТ

Лозана го елиминираше Вардар од Конференциската Лига

ФК Вардар го заврши своето кратко европско лето со убедлив пораз на гостински терен од Лозана, Швајцарија – со резултат…

August 1, 2025
СПОРТ

(Видео) Реал го растури Сити, хет-трик на Мбапе, по Милан и Аталанта испадна и Јувентус

Реал Мадрид го елиминира Манчестер сити од Лигата на шампионите. Во реванпот од плејофот Реал го победи Сити со 3.1…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?