Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
СВЕТ

Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот

Објавено March 11, 2025 20:01
Сподели
Сподели

Соединетите Американски Држави „веднаш ќе ја укинат суспензијата во размената на разузнавачки информации и ќе ја обноват безбедносната помош за Украина“, се вели во заедничката изјава на САД и Украина, објавена од американскиот Стејт департмент.

Украина е подготвена да ја прифати американската иницијатива за итен, привремен 30-дневен прекин на огнот по денешните мировни преговори во Џеда, Саудиска Арабија. Овој предлог за прекин на огнот ќе може да се продолжи со взаемна согласност на двете страни, но неговата примена зависи од прифаќањето и спроведувањето од страна на Русија, пренесува Би-Би-Си.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави пред новинарите во Џеда, по разговорите со украинската делегација, дека САД дале понуда која Украина ја прифатила – да прифати прекин на огнот и да започне преговори за трајно и одржливо завршување на конфликтот. Тој додаде дека оваа понуда сега ќе ѝ биде пренесена на Русија и изрази надеж дека Москва ќе ја прифати. – Сега топката е кај нив, истакна Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп сака крај на војната.

Советникот за национална безбедност Мајк Волц нагласи дека на состанокот се разговарало за деталите како да се постигне траен мир и какви безбедносни гаранции ќе бидат обезбедени за долгорочна стабилност. Тој најави дека во наредните денови ќе разговара со својот руски колега, а државниот секретар Рубио ќе учествува на средбата на министрите за надворешни работи на Г7, каде што ќе се продолжи со процесот.

На прашањето дали предложениот прекин на огнот се однесува на целата борбена линија или само на воздушните и поморските операции, како што предложи Украина, Рубио одговори кратко: „Да – понудата е целосен прекин на огнот“. Тој нагласи дека единствениот начин да заврши оваа војна е преку преговори, а за тоа да се случи, „прво мора да престане пукањето“.

Запрашан дали Украина прифаќа некакви гестови на добра волја од Русија или дали постои краен рок за спроведување на договорот, Рубио одговори: „Украина е подготвена да престане да пука и да почне да преговара“. Тој додаде дека се надева оти Русија ќе го прифати прекинот на огнот, но доколку тоа не се случи, „тогаш ќе знаеме што е вистинската пречка за мирот“. Повтори дека претседателот Трамп јасно ставил до знаење дека сака крај на насилството.

Кога новинарите прашаа зошто денеска не бил потпишан договорот за ретки минерали, Рубио објасни дека тоа не била тема на разговорите во Џеда. Тој појасни дека договорот се преговара меѓу украинските и американските финансиски институции, но дека претседателите на двете земји дале инструкции на своите владини претставници да го финализираат.

На прашањето дали односите меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски се „вратени во нормала“, Рубио одговори дека најважно е „мирот да се врати на вистинскиот пат“. Тој потенцираше дека ова не е некакво ријалити шоу, туку „сериозна работа“ во која секој ден гинат луѓе. „

  • Денеска луѓе ќе умрат во оваа војна, вчера загинаа, а доколку нема прекин на огнот, за жал, ќе умираат и утре, нагласи Рубио. Тој повтори дека Трамп сака ова да заврши, поради што и се одржуваат овие разговори.

Главниот советник на Зеленски, Андриј Јермак, кој беше дел од украинската делегација во Саудиска Арабија, сподели кратка изјава на социјалната мрежа Икс, нагласувајќи дека „заштитата на интересите на Киев е најважна“, а „праведен мир е клучен“. Тој им се заблагодари на американските и саудиските претставници за „конструктивниот состанок“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три хороскопски знаци излегуваат од тежок период по 10 март 2025 година: Конечно ќе почувствуваат среќа и леснотија
Следна Статија (ФОТО) Камион излета од патот и се преврте во близи на селото Раец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп укинува 3,3 милиони евра помош за ЛГБТ заедницата на Балканот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака да откаже речиси 4,3 милијарди евра средства за странска помош и мировни мисии одобрени…

August 30, 2025
СВЕТ

Драстичен пад на туризмот во дубаи: Хотелите и рестораните остануваат без гости

Дубаи, кој лани пречека 19,59 милиони меѓународни посетители и се позиционираше како една од најпосетуваните дестинации во светот, сега се…

April 4, 2026
СВЕТ

(Видео) Судир на танкери во Црното Море, едниот се преполови по ударот

Двa танкери „Волгоњефт 212“ и „Волгоњефт 239“ се судрија во Црното Море поради невреме, поради што се излеале нафтени деривати,…

December 15, 2024
СВЕТ

Два случаи на антракс и еден на маларија потврдени во Романија

Два случаи на антракс и еден на маларија се потврдени во Романија. Националниот институт за воено-медицински истражувања и развој „Кантакузино“…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?