Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вајц пред Европскиот парламент: Извештајот претставува важен чекор кон пристапувањето во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вајц пред Европскиот парламент: Извештајот претставува важен чекор кон пристапувањето во ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Вајц пред Европскиот парламент: Извештајот претставува важен чекор кон пристапувањето во ЕУ

Објавено July 8, 2025 22:46
Сподели
Сподели

Македонија, која ги преживеа балканските војни од 90-тите години на минатиот век без масовно насилство и во која живеат различни луѓе и различни етнички и религиски групи кои успеа да изградат мирно општество, некогаш беше предводник во регионот, кога пред 20 години заедно со Словенија го започнаа пристапниот процес кон ЕУ, изјави вечерва австрискиот европратеник Томас Вајц во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Неговиот извештај за земјава за 2023 и 2024 година.

  • Каде е Словенија денес, а што се случи со Македонија? Па, имаше некои пречки на патот. Пречки поврзани со историјата, пречки поврзани со војните од минатиот век, пречки со начинот на градење добри билатерални односи со соседите. Но, добрососедските односи секогаш треба да се градат од двете страни, тоа е многу јасно, додаде Вајц.

Тој нагласи дека иако земјава веќе 20 години е на европскиот пристапен пат и имплементираше доста значаен дел од европското законодавството, таа, иако требаше, се уште формално ги нема започнато преговорите за членство во ЕУ.

  • Ако ги погледнете како партнери на Европската Унија, тие се наш доверлив партнер. Ја споделуваат нашата заедничка надворешна и безбедносна политика сто отсто, се приклучија кон НАТО, се придружија на заедничките напори што ги имаме во Европската Унија. Денес, кога ние Европејците сфаќаме оти треба сами да ја браниме нашата судбина и дека ние Европејците треба да стоиме заедно во светлината на она што се случува глобално, мислам дека треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес на Македонија, рече австрискиот европратеник

Вајц нагласи дека Извештајот дава целосна слика за тоа каде се наоѓа земјата и во него се поздравуваат некои достигнување, но се бараат и реформи, и се зборува за говорот на омраза, за злосторствата од омраза, за потребата од владеење на правото, борба против корупцијата и не само за усвојување на закони, туку и за резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните.

  • Во извештајот многу се зборува за уставните измени, што се бараат за да може да започнат пристапните преговори. Уставни измени што вклучуваат и други малцинства во Уставот, меѓу кои и бугарското, рече Вајц.

Тој потенцира дека во документот се говори и за економската состојба, која, како што рече, има позитивни страни, но и недостатоци, како и за недоволното искористување на поддршката што доаѓа од Европската Унија, во услови кога за земјата е многу важно да инвестира во стручни кадри и да ги задржи оние кои покажаа дека умеат.

  • Таа земја е полна со неверојатно природно наследство, планини, езера, културни знаменитости, но за жал, земјата е исто така полна со отпад, нелегални депонии и загадување. Да, има подобрување на ситуацијата, но сепак има и многу да се направи, заклучи Вајц.

Тој истакна дека граѓанското општество во земјава има услови за работа, но дека е видливо и странско влијание против кое мора да се бори, без разлика дали е тоа руско, кинеско, саудиско, српско или од каде и да е, бидејќи луѓето треба сами да одлучат за својата судбина. Во тој, контекст, според него во документот се говори и за медиумите, за потребата од транспарентност во сопственоста на медиумите, како за потенцијалот што го има земјата.

-Овој Извештај претставува важен чекор кон пристапувањето во ЕУ и се надевам дека утре на гласањето ќе го поддржат многумина од вас. Ќе го поддржат пристапувањето на Македонија во Европската Унија или барем следниот чекор што можеме да го направиме на конструктивен, заедничка и проевропски начин, додаде Вајц.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Силно невреме во Белград, најмалку осум повредени, дел од згради останаа без покрив
Следна Статија Словенечка европратеничка во ЕП им се обрати на бугарските колеги на македонски: За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Средната возраст на населeнието во Македонија е 42 години

Средната возраст на населението во земјава е 42,21 година, додека во ЕУ е 44,9 години, покажуваат податоците на Еуростат за…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДУИ го отстрани шаторот пред Уставен суд, ќе го поставеле пак во март

Од ДУИ го размонтираа шаторот од пред Уставниот суд и најавија дека пак ќе го постават на подготвителната седница во…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Со измените на Законот за електронски комуникации го спречуваме нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната 34-та седница на Собранието на Република Македонија, се обрати пред пратениците каде…

February 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор

Апелацискиот суд во Штип ја одбил жалбата и го потврдил решението на првостепениот суд за продолжување на мерката куќен притвор…

April 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?